Амбарот на Зоран Заев

На патиштата низ Малешевијата може да се сретнат секакви убавини.
Една таква фасцинантна, би рекла – пасторална уметност, се рециклираните постери на СДСМ, со кои е излепен еден амбар. Конкретно, на нив се нивните предизборни ветувања – ,,Бесплатно болничко лекување за сите” и она другото – ,,Просечна плата 30.000 денари!”.

Сите овие ветувања, без сомнеж – неисполнети, се од пред пет години, од кампањата ,,Живот за сите” која владеачката СДСМ ја водеше во очи ,,Парламентарните избори 2016“.

Во време на пандемија, кога сè се плаќа – од тест до болнички денови, толку е јасно дека ниту болничкото лекување не е бесплатно за сите, камоли дека просечната плата е 30.000 денари.

И на крајот од денот, ако ветувањата биле шупливи, ете – барем прескапите, гигантски постери со ликот на премиерот Зоран Заев кој е насмеан, бидејќи само нему сè му е рамно, барем вршат работа за заштита на нечиј амбар.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО – ВЕЛИГДЕНСКАТА ПОРАКА НА ЕПИСКОП ПАРТЕНИЈ ОД ,,БИГОРСКИ МАНАСТИР”

https://joci.mk/2021/05/03/%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B5%D0%BD/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!