На Кејот ,,13 Ноември” денеска десетици работници сечеа дрвја. Наоколу се гледаа расфрлани трупци и зелени гранки.
Во тек е реконструкцијата на Кејот, која чини 1,5 милиони евра. Градоначалникот Петре Шилегов постојано се фали како сади грмушки, нови садници, трева, сето тоа на нови и нови тендери. Сумите кои ги троши на грмушки и треви не се секогаш познати, иако некои му се сушат.
Од друга страна, не ја информира јавноста кога сече стари дрвја.

Од страната на Вардар, каде се гледа денешната сеча, Шилегов, за кратко треба да гради сервисна улица за возила. Еден дел од Кејот ќе биде сообраќајница, но тоа не може да се види на неговото промотивно видео за реконструкцијата. Ја нема ни сечата на стари садници на Кејот.
Дел од денешните дрвја на Кеј ги посади Ристо Пенов во 2003 година, а мал дел се спасија од неговата секира. Исече околу 50 садници, стари над пет децении, затоа што според него биле ,,криви и нешколувани”.
Пенов ги исече и старите дрвја на плоштадот, околу 30 неколкудецениски костени.
Историјата, како што може да се види од денешната фотографија – се повторува.
Секогаш кога СДСМ ќе дојде на власт, го копа кејот и сече стари дрвја.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
https://joci.mk/2021/05/04/%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]