ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов делел инвертери на сдсмовци во Центар, уништена е и документација

Советничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје го обвини скопскиот градоначалник Петре Шилегов за злоупотреби при делењето на субвенции за инвертери (на партиски луѓе), а изразен е и сомнеж дека личните податоци на апликантите не биле заштитени, а некои од нив и незаконски уништени.

Членот на Советот на Скопје, Светлана Колариќ, рече дека како советничката група има основани сомневања дека многу од најавуваните субвенции за инвертер клими се голема измама и злоупотреба зад која стои половична реализација на проектот. И дека истите се делени без исполнување на критериумите, селективно, и сето тоа базирано на партиски и лични основи.

– Се сомневаме дека се делени субвенции за инвертер клими на партиски луѓе кои живеат во централното градско подрачје, на улицата Никола Кљусев, улица Македонија, Народен фронт и други улици низ Центар каде има парно греење или граѓаните се грееле на струја, додека цели населби како Ѓорче Петров, Драчево, Лисиче, Радишани и други каде нема парно и загадувањето е големо, нема доволно субвенции. Она што го затекнавме во градот е запрепастувачки. Нецелосни досиеја, расфрлани документи по ходници – посочи Колариќ.

Таа го повика Шилегов да одговори – зошто на едни граѓани се барани потврди од БЕГ, а на други изјави од нотар?

– Исто така имаме сомневања дека личните податоци на апликантите не се заштитени и третирани согласно закон, при што можна е злоупотреба на истите. Овие наши основани сомневања ги темелиме на претходна дојава од самите служби на градот. Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата побаравме увид во документацијата при што сме должни да ги објавиме пропустите и аномалиите од нецелосната документација – рече Колариќ.

За расчистување на овој нов скандал, ја повикаа Агенцијата за заштита на лични податоци – да изврши увид околу примена на законот. Го повикаа и инспекторатот на Државен архив за ништена документација.

– Шилегов јавно да каже зошто не го применува Законот за заштита на лични податоци. Или пак како и за сè друго, за него и неговите партиски послушници – законите не важат. Го повикуваме Шилегов да појасни, зошто досега на ниту еден апликант не му е побарано да даде изјава за согласност за обработка на лични податоци?
Да одговори дали е точно дека се печатени лични карти и покрај софтверско чување на истите при апликација за субвенции?  Зошто регистри со досиеја на граѓани апликанти и корисници на субвенции се расфрлани по ходници на дотраена барака број 14? Дали е точно дека раководител на сектор дал наредба да се сечат документи, складирани во вреќи и изнесувани надвор од бараката? Да одговори каква документација е уништена и под чија наредба? Шилегов треба да одговори кој е одговорен за личните податоци на апликантите и корисниците на субвенции – обвинија од советничката група.

Советниците, покрај овие сериозни обвинувања, запрашаа и колку контроли досега се направени кај граѓаните-корисници на субвенциите за исполнети услови?

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: СЕКИРАТА НА ШИЛЕГОВ – ЗАИГРА НА КЕЈ:

https://joci.mk/2021/05/05/%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D1%80-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B5%D1%98%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%B5%D1%87%D0%B0%D1%82-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%B4%D1%80%D0%B2%D1%98%D0%B0/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!