Горaт синагоги во Израел, автомобили, ресторани: „Ја изгубивме контролата над градот”

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, прогласи вонредна состојба во Лод, близу Тел Авив, по извештаите дека припадниците на арапското малцинство запалиле синагоги и дека Евреите фрлале камења кон автомобилите управувани од арапски жители.

„Ја изгубивме контролата над градот и улиците“, рече градоначалникот на Лод, Јаир Ревиво за ,,News 12″ по неколку ноќи насилни судири, во кои еден Арап беше убиен, а многумина беа повредени.

Полицијата уапси десетици луѓе во Лод и во претежно арапските градови во централниот и северниот дел на Израел, вклучувајќи го и Ум ал Фам по должината на границата со Западниот брег и Јиср ал Зарк на медитеранскиот брег.

Во Лод, запалена била синагога, а во  крајбрежниот град Акре бил запален Ури Бури, рибен ресторан во сопственост на Евреин. Некои арапски жители изјавиле дека се плашат да го напуштат домот.
Во Јафа, во близина на Тел Авив, арапските демонстранти се судриле со полицијата која истрелала шок-бомби за да ги растера.

Безбедносните служби соопштија дека поради насилството, преместиле 16 баталјони на граничната полиција од окупираниот Западен брег во Лод и другите градови во Израел.

Израелско-арапско малцинство

Станува збор за Палестинци со израелско државјанство, кои живееле под османлиска, а потоа и под британска колонијална власт пред да останат во Израел по создавањето на државата во 1948 година.

Зборуваат арапски и хебрејски и се чувствуваат поврзани со Палестинците на окупираниот Западен брег и Газа. Тие често се жалат на систематска дискриминација, нефер пристап до домување, здравствена заштита и услуги за образование.

Про-палестински протести

Тензиите во арапско-еврејските градови се зголемија бидејќи Израел изврши воздушни напади во Газа, а палестинските милитанти истрелаа ракети кон Израел. Ескалираше насилството по конфликтот во источен Ерусалим во понеделникот наутро.

Двајца жители на Лод беа убиени во средата кога возилото беше погодено од ракета, соопшти израелската полиција.

Во Хаифа и Јафа, арапските демонстранти подигнаа палестински знамиња и извикуваа пароли за поддршка на Палестинците иселени од населбите во Источен Ерусалим, како дел од долгиот правен процес.

Израелски арапски државјани беа меѓу илјадниците демонстранти кои се судрија со израелската полиција во последните денови во близина на џамијата Ал-Акса и на други места во стариот град на Ерусалим.

Портпарол на Хамас во Газа ги повика арапските граѓани „да се кренат“ против „нашиот и вашиот непријател“.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!