Дали обвинителката Вилма Русковска имала комнуникации со Бојан Јовановски и од каква природа биле тие?, прашува јавно професорката Фросина Ременски, oткако на вчерашното судење за „Меѓународен сојуз“ обвинетиот Бојан Јовановски побара изземање на Русковска, тврдејќи дека таа редовно комуницирала со него.
Според Ременски, каков и да е одговорот, Вилма Русковска има проблем, бидејќи од она што се слушнало во судница, во вид на материјален доказ – станува јасно дека Русковска, уште од 2019 година, ги имала на увид сите свои комуникации и комуникациите на сите други лица со Јовановски.
– Тоа значи дека таа била должна од морални и етички причини самата да се изземе од лично инволвирање во истрагата и од амнестирање на многу одговорни ликови!! Ако Русковска ја ослободела истрагата од пристрасност, непрофесионалност и ако дозволила професионално постапување на друг јавен обвинител во истрагите тој обвинител ќе можел да го цени и нејзиното поведение и природата на нејзините комуникации, слики и дружби со Јовановски! Дотолку повеќе што, за слична блискост и комуникација со Бојан, специјалната обвинителка Катица Јанева беше пропагандно распната и предвреме осудена без приказ на вакви експлицитни комуникации како со Русковска во случајот – објаснува Ременски.
Посочува дека во судница се слушнале и лични анимозитети меѓу Русковска и Јанева во муабет со Јовановски. Ја нарекла – „свиња“. Потоа во таа комуникација со Јовановски имало и:
„информирање за случаи во предистраги“;
„информации за апсења и притвори“;
„барања за нејзина медиумска промоција“;
„број на чевли и порачки од Милано за шешири или штикли“; „озборување на колеги обвинители и делење епитети“;
„озборување на новинари и делење епитети – шпиони и дувнати зинати за хонорари и сл.“,;„ургенции за блиско лице за работа во СЈО“…
Заклучува дека ќе било подобро Судот да дозволи дословно да бидат прочитани пораките меѓу Русковска и Бојан Јовановски, а не интерпретирани. Смета дека станало јасно дека ,,Русковска не само што имала непрофесионален однос во работата што ја работи по други предмети, туку тие се на линија на кривична одговорност”.
Воедно, не само што постојат сериозни основи за нејзино изземање од овој предмет и вршење на притисок кон Судот и во јавноста, туку има основи за нејзино разрешување, смета Ременски. Го цитира член 70 став 1 според кој: „јавен обвинител може да биде разрешен доколку во јавнообвинителското постапување стори кривично дело“.
– Нешто слично кога ја прашуваа Шеќеринска дали имала средби со озлогласените Јанева и Јовановски.
Денес кога „докази се изнесуваат“ и снимки од средба за „дискусија за Законот за ОЈО“(!?) излегоа пред една година, Русковска вели „нека му ги дадат на Јовевски“, а во меѓу редови читам дека единствено тој е уште сијамски врзан за неа. Чудно, Мијалков, Камчев и веруваат само на Вилма, а Вилма му верува само на Јовевски!? – зачудена е таа.
Потсетува дека и таа поднела предлог – кривична пријава за Русковска и ред претставки, независно од вчера изнесеното на Суд со многу материјални докази од септември минатата година до 17 јуни оваа година. Но, до денеска – нема одговори за како што вели ,,незаконски наредби за претрес во мојот дом во „каубојски стил“ без никаков елементарен основ за издавање налог за претрес и без исполнет услов за претрес!”
– Во моите писмени поднесоци за изземање на ЈО Русковска (независно од ова денес), се повикувам на сите класични злоупотреби на овластувањата на Русковска која во фаза на истрага под закани за кривично гонење на негови блиски лица и позитивно мислење за мерка куќен притвор од Јовановски барал да даде „невистинит исказ против пратеничката Фросина Ременски, бидејќи немала докази за неа“ и сакала тој да зборува против мене „за да ме бетонирала“! Овој исказ е даден на 3 судски рочишта (2 во Кривичен суд и 1 пред Апелацискиот Скопје) под заклетва и е дел од кривична пријава против Русковска за „тортура“!! – појаснува професорката Ременски, обвинувајќи ја Русковска за параполициско постапувања (ала Мијалков).
На крајот на оваа обвинителска сага која ќе се развива и ќе се развива, Ременски, очекува ЈО Јовевски да не биде гума за спасување на Русковска.
– Очекувам Јовевски на крајот на неговиот мандат, наместо сам да се нуди за унапредување во уставен судија, да постапи професионално и да покаже дека, сите се еднакви пред Уставот и законите, па дури и обвинителите на кои им е претпоставен!! – вели Ременски.
Го повика Јовевски и Етичкиот совет на консулатации кога ќе ги разгледуваат комуникациите помеѓу Јовановски и Русковска, да имаат еднаков аршин и за неа како и за онаа која Русковска ја нерекувала „свињата”, доколку сакаат јавноста да верува во независно обвинителство.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]