Проширениот булевар Никола Карев ќе создаде уште поголемо тесно грло кај Момин Поток и на патот кон Блаце, затоа што не е изграден предвидениот кружен тек кај ,,Хубо маркет”, смета екс градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски,
На својот фб профил, тој напиша дека скопјани допрва ќе се соочат со уште еден проблем.
– Наместо прво да ги решава тесните грла, Петре го прошири пристапниот булевар кон нив, со што ќе се создаде уште поголема гужва на овие раскрсници.
Булеварот Никола Карев завршува на старите семафори – на раскрсницата со булевар 8 Септември и улица Качанички пат (Момин Поток).
Проширувањето на ,,Никола Карев” (од касарната до Момин Поток) беше секундарно заради големиот сообраќај кој сега ќе стаса на една од најтесните сообраќајни точки во Скопје – вели тој.
Додава дека примарен предуслов за проширување на овој дел од булевар Никола Карев било изградбата на кружен тек на булевар 8 Септември и улица Скупи, односно кај ,,Тојота” и ,,Хубо маркет”. Четири ленти се до клучката на две нивоа на Момин Поток т.е на булевар Никола Карев, 8-ми Септември и ,,Качанички пат” што за Трајановски значи навлекување на зголемен број на возила кај семафорите и тесно грло.
– Но, Петре Шилегов си го заврши тоа што му е полесно, зошто избори доаѓаат, па треба да се пофали со нешто. Сега, за жал, на скопјани им останува агонијата од зголемениот сообраќаен хаос на овие две раскрсници додека не се заврши овој мегапроект за кој му оставив документација која фаќаше прашина низ градските фиоки – констатира Трајановски.

Градската власт најави дека изградбата на кружниот тек ќе започне наредната недела, без детали колку ќе траат градежните работи и како ќе се менаџира сообраќајниот метеж и илјадниците возила кои се движат кон северот на градот и кон Блаце.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
Шилегов ,,гради” на хартија – нема Луна парк, тунел, мостови, бусови на шини
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]