На улица Козле, вечерва, имаше сообраќајна несреќа меѓу ,,мерцедес” и ,,сеат ибица” – токму на пешачки премин. Според првичните информации, нема жртви, но имаше повредени од возилата, откако се слушна долго кочење и силен удар. Среќа на пешачкиот премин – немаше случајни минувачи, затекнати во тој момент.

Интервенираше Брза помош, која стаса за кратко време по несреќата.
На улица Козле, токму во овој дел, во изминативе години се вози бесно и постојано се претекнува на полна линија – без да се мисли на возилата кои излегуваат од споредни сервисни улици, камоли на пешаците.

Улицата, која е во должина од два километри, е во градска надлежност и ништо не е пипнато на неа, во однос на безбедност. Единствено, само во еден дел , пред бензинската пумпа, има подигнат асфалт, со цел забавувување на брзината на возилата. Техничките пречки на асфалтот пред ОУ ,,Владо Тасевски”, со цел заштита на децата – одамна ги нема. Траеја само неколку месеци, а од ,,Улици и патишта” не ги обновија.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
Дел од Кејот – поплавен, дали Град Скопје обновува квалитетно?
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]