Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, денеска сподели фотографии од обновата на улицата Орце Николов, која почна со сечење на дрвја и жестоки реакции од јавноста, а по сè изгледа и ќе заврши со нов скандал – исто околу дрвјата.

На фотографиите забележливо е дека дрвјата се ,,забетонирани” со павер елементи. Идентично, како што беа и на Кејот ,,13 Ноември”, па неговиот ,,колега” Петре Шилегов се обиде вината да ја префрли на изведувачот.

Станува очигледно дека сдсмовските градоначалници во Скопје, четири години ,,боледуваат” од ист вирус – несовесност, некадарност, развиени навики кон фушерај и сè поочебијно малтретирање на зеленилото и гласачкото тело.
Не се грижат воопшто дали нивните активности ќе ја вознемират јавноста, која ги плаќа, едноставно не се ни трудат да бидат на ниво на задачата.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
Стојанче Ангелов доби тоалетна хартија на подарок од Валандово каде беснеат пожари
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]