Закани за поставени бомби, утрово, добиле девет скопски училишта, едно во Кавадарци, како и Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити и трговскиот центар „Ист гејт“, соопштија надлежните од Министерството за внатрешни работи.
,,Денеска околу 9:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити и ТЦ ,,Ист гејт” е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.