Пејачката Елена Ристеска денеска обелодени дека ќе ги забавува скопјани за новогодишната ноќ. Таа, преку Инстаграм, ги покани сите добронамерници, меѓу нив фанови и пријатели, со музика да ја пречекаат новата 2023-та година.
– На 31-ви декември, ве поканувам на Плоштад Македонија во Скопје, заедно да ја дочекаме новата 2023-та година. Конечно македонска музика ќе ечи на нашиот плоштад. Заедно со мојот бенд и со моите колеги од музичката естрада ќе го направиме дочекот на новата година незаборавен и полн со позитивна енергија и надеж. Ве чекам и ве сакам неизмерно! Ваша Елена – вели таа во пораката.
[ФОТО: ЕЛЕНА РИСТЕСКА, ИНСТАГРАМ]
•ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:•