Интелигентните луѓе повеќе пцујат, така го намалуваат стресот, но и болката

Научно гледано, склоноста кон вулгарности не е лоша карактеристика. Се мисли на пцовки, па и употреба на разни проколнувачки зборови.
Многубројни универзитетски студии, изминатава деценија, покажаа дека пцуењето пред сè го намалува стресот, чувството на болка, го поттикнува другарството меѓу врсниците и е поврзано со карактеристики како вербална флуентност, отвореност и искреност.

И ефектите од ,,лоши зборови” се физички, како и ментални.
Студија од 2018 година ,,Психологија на спортот и вежбањето” покажа дека испуштањето неколку вулгарни зборови за време на тренинг, всушност може да ве направи посилни.
Во студијата се вели дека спортисти кои пцуеле на глас додека вежбале со тегови, можеле да издржат подолго.

Тимоти Џеј, професор по психологија на колеџот за либерални уметности во Масачусетс, рекол дека луѓето делумно развиле ,,табу јазик” едноставно – како вентил за емоционално ослободување.

Пофикасно е да се каже ,,е*и се”, отколку да удрите некого

„Постои точка каде што е поефикасно да се каже ,,Е*и се”, отколку да удрите некого“, додал Џеј.
Според него, колнењето и пцовките се многу ефикасен начин да ги исфрлиме нашите емоции и да им ги пренесеме на други.

Како што може да потврди секој што некогаш го удрил својот палец со чекан, така и пцуењето е прилично чест одговор на болката.

Весна Змијанац од ,,Јорговани” искеширала 500.000 евра

Но, со години, некои специјалисти за болка сметаа дека пцовки не помагаат многу во такви ситуации. Тие теоретизираа дека пцуењето навистина може да има „катастрофален“ ефект, што значи дека ги поттикнува луѓето да претеруваат или да ја преценуваат сериозноста на болката.

Сепак, дури во 2009 година, истражувачите од Факултетот за психологија на Универзитетот Кил во Велика Британија, започнаа вистински да проучуваат дали и како пцуењето го менува нечие искуство со болка.
Врз основа на претходните претпоставки дека пцуењето претставува „лош“ одговор на болката, научниците претпоставиле дека пцуењето ќе направи оној што го боли – да се чувствува полошо.

Но, изненадувачки, научниците откриле дека пцуењето всушност ја зголемува толеранцијата на болка кај поединецот. Во истражувањето учествувале 67 волонтери на додипломски студии. Имале задача да ги нурнат рацете во студена вода сè додека не можат да се справат, притоа повторувајќи пцовки по свој избор.

Интелигентните луѓе повеќе пцујат, остануваат до доцна и оставаат хаос на бироата

Потоа, следувал нов експериментот – овој пат, студентите не требало да кажуваат ,,табу зборови”.
Истражувачкиот тим открил дека волонтерите можат да ги држат своите раце подолго под вода во ладна вода додека пцујат.
Покрај тоа, бидејќи пцуењето беше придружено со зголемено отчукување на срцето, научниците сметаат дека колнење/пцуење може да предизвика реакција на поединецот за „борба или бегство“.
Сугерираат дека пцуењето предизвикува негативни емоции кои служат како аларм, предизвикувајќи вроден механизам за одбрана.

Тие имале емотивен одговор преку пцовки и активирање на природниот одбранбен механизам кој ослободува адреналин и го забрзува пулсот, но исто така вклучува и природно ослободување од болката, позната како аналгезија – предизвикана од стрес.

Меѓудругото, студиите покажале и дека интелигентните луѓе повеќе пцујат, но и остануваат до доцна и своите бироа ги оставаат во хаос.

Споредувајќи ги резултатите во двата експерименти и за флуентност, научниците откриле дека оние кои имаат повисока вербална флуентност, исто така биле ,,посочни” и во користењето пцовки.
„Луѓето кои добро знаат да зборуваат, знаат и добро да пцујат. Не е точно дека немаат вокабулар – напротив имаат цел арсенал полн со зборови“, додал Џеј.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!