Данела бара 10 милиони евра кредит – а, каде се парите од Градска куќа?

Градоначалничката Данела Арсовска на седница на Совет на Скопје, следната недела, ќе побара одобрување кредит од советниците во висина од 10 милиони евра за нови 50 еко автобуси.

Вистинското прашање во моментов кога се бара задолжување на народен грб е каде се 12 милиони евра од продажбата на Градската куќа од времето на Петре Шилегов? Дали Данела Арсовска ќе одговори на ова прашање? Администрацијата е во старите бараки, никој не споменува Градска куќа, а се зборува единствено за нови кредити.

Објектот Градска куќа го купи компанијата ЕВН.

– Успешно заврши електронската аукција, која е првата постапка за продажба на објектот на Град Скопје, кој е лоциран под скопското Кале.
На јавниот повик објавен на ден 17.10.2019, со број 01/2019 за продажба на недвижна ствар по прв пат по пат на електронско јавно наддавање, до предвидениот рок единствено се пријави компанијата ЕВН – Македонија.
Согласно со предвидените процедури од јавниот повик, купецот треба во рок од 15 дена да ја уплати сумата, по што ќе следува потпишување на договор со кој ќе се заврши целата постапка“, се соопштија пред три години од Град Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!