Центар почна контрола на нелегалните доградби на тераси и кафулиња

Општина Центар започна со засилени инспекциски контроли за нелегални доградби и поставена урбана опрема и тераси на рестораните, кафе баровите, кафеаните и останатите локали.
Ќе се врши увид во документацијата што ја поседуваат сопствениците и инвеститорите на објектите и ќе се санкционираат сите кои не поседуваат одобрение за поставување урбана опрема и нелегалните доградби, информираа општинарите.
Општина Центар повторно упатува апел до сите засегнати, да ја поседуваат целосната документација и да ја имаат подмирено комуналната такса. Во спротивно, ќе бидат изречени казни, а онаму каде што има потреба, Општината ќе ги отстрани нелегалните доградби, со што трошокот за отстранување ќе падне на товар на сопствениците на објектите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!