Гледач на 24 Вести: И Таравари е ,,фатен” како Кастриот и осумтемина вмровци

Гледач во контактна емисија на 24 Вести, во емисијата на Огнен Јанески, тукушто накратко го образложи влезот на Алијанса на Албанците во владата на СДСМ и ДУИ.

Според гледачот, влезот на Арбен Таравари и неговата партија е за одржување на мнозинството во Собрание и оваа влада по секоја цена.

– Таравари рече дека ќе гласа за уставни измени, па неговиот влез во владата е очигледно од други причини. И тој е ,,фатен”, како што беше и Кастриот, оние 8 вмровци, па сега мора да го одржува мнозинството од 61 на СДСМ и ДУИ, нема друга поента што влегува сега во влада, тој нема потреба од тоа. И затоа, два дена откако објави Таравари дека ќе преговара со Димитар Ковачевски, му излезе аферата дека купил куќа во Карпош за ниска цена која ја нема во анкетен лист – рече гледачот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!