Се погласни се најавите дека Судот во Стразбур ги прифатил аболициите за 56 поранешни функционери, меѓу нив и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е азилант во Унгарија.
Конечната објава околу аболициите, како што објави Плусинфо, ќе се знае на 16 февруари, но неофицијално тие се позитивни и во корист на засегнатите.
Она кое е под знак прашалник е дали државата С.Македонија ќе ја прифати одлуката на Судот, по што Груевски може да се врати слободен во државата.

Наши извори велат дека целата постапка за прифаќање на пресудата може да се одолговлекува со години, доколку власта е на таа позиција да се судри со европски судови, што и воедно ќе значи дека ќе мора поради тоа да плаќа и казни на Стразбур.
Пред еден месец, Никола Груевски, во анкетата на американскиот републикански институт ИРИ, изби на чело на табелата по популарност со 7 отсто рејтинг.