Дали посетата на унгарската претседателка има врска со враќањето на Груевски во Македонија?

Посетата на претседателката на Унгарија, Каталин Новак, чудно се совпаѓа со датумот 9 февруари кога треба да се одлучи во Стразбур за аболициите на вмровските функционери, потпишани од тогашниот Претседател, Ѓорге Иванов.

Денеска, Новак, запрашана околу азилот на Груевски, односно дали азил може да добие лице, осудено или против кое има кривични постапки, таа одговори дипломатски.

,,Првиот дел во однос на Груевски, би сакала да кажам дека тоа е во надлежност на нашето правосудство. Јас многу се радувам дека во рамки на оваа моја посета се уверив во тоа дека нашата меѓусебна соработка на ниво на држави се развива успешно и имаме добри основи тоа и понатаму да се гради и развива и дека односите меѓу унгарските и македонските граѓани е на високо ниво и тоа не влијае на никакви криминални прашања“, рече Новак.

Останува во наредниот период да проследиме како ќе одлучи Стразбур и дали позитивна одлука ќе значи и негово враќање во земјава.

Според мои неофицијални информации, враќањето е извесно, но доколку Груевски прифати да биде кооперативен во однос на претстојните турбуленции на политичката сцена во насока на уставните измени кои ги побарува оваа власт, а и меѓународниот фактор со цел трасирање на патот на Македонија кон ЕУ.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!