По најавите за нови протести, приватните автобуски превозници денеска се сретнаа на состанок со скопската градоначалничка, Данела Арсовска. Тие беа примени, откако вчера најавија дека добиле покана за средба од Градот за денеска во 9 часот.
Минатиот понеделник откако не договорија средба со Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, најавија дека денеска повторно ќе почнат со протест преку блокади доколку не бидат примени и не се најде решение за долгот којшто тврдат дека го има Град Скопје кон нив.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во меѓувреме, во интервју за МИА, истакна дека треба да се разговара со приватните превозници и да се најде решение со нив.
Средбата не се знае до кога ќе трае, но превозниците се надеваат на добар исход.