По вчерашниот претрес во домот на сопственикот на сајтот ,,Доказ”, Марјан Стаменковски, со свои информации на неговиот Ју Тјуб канал се огласи и Миленко Неделковски. Според негови сознанија, како што рече, парите кои биле пронајдени во домот, околу 100.000 евра, биле бележани од полицијата. Тој претпоставува дека во тој случај полициската акција се однесувала за расчистување на рекет, што подоцна беше потврдено од обвинителство со квалификацијата ,,уцена”.
Воедно, запраша јавно дали пронајдената сума била наменета само за Стаменковски, кому денеска му е одреден 8-дневен притвор или требало да ја дели со други лица кои биле соучесници.
Стаменковски, јавното обвинителство го гони за пет кривични дела меѓу кои уцена, ксенофобија, расизам, пиратерија. Меѓу пријавителите се бизнисмени, свештени лица, телевизија, медиумски лица. Обвинителство повика и други оштетени да се јават на нивниот повик за расчистување на случајот.
Повеќе на следниот линк: