Гледам сте заборавиле, па да ве потсетам.
Партијата ВМРО од Бугарија, одамна му откажа гостопримство на Драган Павловиќ-Латас во Бугарија. Тој денеска е вистинска ,,изгорена ѕвезда” со неговото сведоштво дека како тинејџер првото сексуално искуство го имал со девојка, која му била ,,подадена” во фиќо од другар кој сакал да ,,шамара” припаднички на понежниот пол.
Очигледно ВМРО одамна процениле, за разлика од нас, земајќи предвид дека овој славен и интригантен билборд датира од пред 15 години.