Во време кога после 40 години снема леб на полици по маркети и се зборуваше за воведување категорија ,,социјален леб”, како да сме во војна, бензинот е над 80 денари, струјата е скапа како ,,суво злато”, деца не одат во училишта поради закани со бомби, а родителите се психички исцрпени, притоа луѓе умираат поради недостаток од лекови по болници, премиерот Димитар Ковачевски наголемо вчера се журкал во Маврово на концерт на Петар Грашо. На него и на неговата сопруга која влезе во бизнис со фотоволтаици, им е до забава и до смеење. И сето тоа овековечено на Инстаграм, за цел народ да ги види како се журкаат, чунки донирале бубрег и спасиле човечки живот. Без чувство за реалноста, сé им е рамно, додека цела Македонија едвај крпи крај со крај, а инфлацијата гази.

Насмеани од уво до уво, во време кога цените во малопродажба се за 100 отсто поголеми од лани, ако не и повеќе, во време кога корупцијата цвета, бебиња умираат од туберкулоза по болници, а државата се задолжува за стотици милиони евра.