ДИРЕКТОРОТ ОД ТЕАТАР КОМЕДИЈА: ,,Да, на моето биро стои слика од Заев” (2)

-Да, на моето работно биро стои фотографија, а тоа е фотографија на Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев, без никакви партиски обележја, а воедно покрај неа стојат и знамето на Македонија и знамето на ЕУ-, одговори в.д директорот на Театар Комедија, Сашо Ристовски, на прашањето дали во тие постапки не гледа партиска идолатрија и еден вид притисок кон вработените, кои, не мислат исто како него.

Сашо Ристовски, в.д директор на НУ Театар Комедија

Тој не гледа ништо лошо во тоа, да се меша политика со уметност, за разлика од  вработените актери на кои тоа им пречи. Меѓудругото, тој не гледа никаква партиска идеологија и притисок кон вработените, бидејќи бил ,, борец за слобода во начинот на комуникација и изразување на своите ставови”.
Актерите, пак, велат дека кога влегуваат во неговата канцеларија чувствуваат нелагодност и мачна атмосфера токму поради таа фотографија. Претходно, такво нешто немало-фотографија на премиер на биро на директор.
-Во време на Сталин, домовите со негова слика биле заштитени од Коминтерната-, е коментар на дел од вработените, кои, сакаа да останат анонимни.

Ристовски, нескриено, негува симпатии кон Зоран Заев, но и партијата СДСМ, на неговиот Фејсбук профил.

-Во однос на тоа што го објавувам на мојот личен ФБ-профил, ќе Ви одговорам дека јас го користам моето демократско право да ги споделувам објавите не на лидерот на СДСМ, туку на Премиерот на оваа држава во поглед на реализацијата на владината програма, како и мои приватни фотографии со семејството и пријателите-, смета Ристовски.

 

Првиот дел за она што се случува во Театар Комедија, прочитајте го на следниот линк:

ТЕАТАР КОМЕДИЈА: Сопружници држат две раководни места, директорот не гледа непотизам (1)

Ристовски, иако не беше прашан, наброја проекти и различни соработки во неговиот мандат од неколку месеци. Во интерес на објективно информирање на јавноста, ги објавуваме.

Направена е нова пристапна рампа за лицата со телесен инвалидитет, продуцирана е претстава со титл – за лицата со оштетен слух, за прв пат е ставена во функција малата сцена на Театар Комедија, извршено е делумно реновирање на гримиорните на актерите (по пат на спонзорства), обезбедени се 35 нови столови за гардеробите (по пат на спонзорство), извршено е целосно реновирање на шминкерницата/фризерницата, набавени се нови чешми и болјер, извршено е делумно реновирање на административната зграда, купен е интерфејс (кој го немало и бил позајмуван од други театри за да може светлото на претставите безбедно да функционира, во делот на осветлувањето).
Потоа, направен е нов излог за плакати (поранешниот бил стар над 20 години ), од септември (2017) па до сега се продуцирани вкупно 5 премиери (6-тата е во подготовка).

Потпишан е меморандум за меѓународна соработка со драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Благоевград, Република Бугарија;
По барање на управата со писмен допис до Агенцијата за управување со одземен имот при Владата на Македонија, доделено е возило ,,Опел Астра” во трајно владение на НУ Театар Комедија.
Иако не бил одобрен буџет за меѓународниот фестивал „Гола Месечина“ од страна на Министерството за култура,  во соработка со Општина Аеродром, обезбеден е буџет за квалитетно реализиран фестивал, кој ќе се одржи од 18 до 24 јуни.
Во јули и август следува реконструкција на кровната конструкција на Театар Комедија, како и фасадно уредување, уредување на тоалетите и на дел од гледалиштето.

Закажана е средба за потпишување меморандум за меѓународна соработка на НУ Театар Комедија – Скопје и Градско казалиште Комедија – Загреб, Република Хрватска;
Неодамна беше потпишан и меморандум помеѓу Театар Комедија и Агенцијата за иселеништво, со цел модерната македонска уметност и култура да допре до иселениците.

За периодот од септември до декември 2018 година предвидени се уште две премиери, гостувања низ Македонија, гостување надвор од земјата и учество на неколку фестивали.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!