СДСМ пУлитики: Поскап бензин сега, а поевтин кога ќе најдат нафта на Уран

Павле Богоевски рекол дека поддршката за целата Влада е намалена, бидејќи ко Влада имале (паз’те ова)-пУлитики на долг рок !?! Кои ние не им ги сфаќаме, ваљда. Ние, граџаните. Додека не дојдоа на власт се` сфаќавме, сега сме им нискоинтелигентни изгледа.

Шу се тоа пУлитики на долг рок ? Да појасниме.

Под 1. Еве, на пример, СДСМ има пУлитика на сечење и масакрирање дрвја на Водно и низ градов, а ветуваат дека ќе засадат 10 нови за едно исечено. Пулитикава нивна, на долг рок, разбираш Блажо, значи дека на дрвото ќе му требаат 30 години за да порасне колку исеченото и да биде ефективен прочистувач на воздух.

Под 2.
Зголемуваат цени на бензини секој месец. И не` цедат на секој можен начин.
Пулитикава сдсмовска на долг рок изгледа им значи дека ќе ни овозможат #живот и пониски цени ко ќе најдат нафта на планетата Уран. Треба да почекаме.

Под 3.
Зголемувале и плати. Ете. Стасале до 25.000 просечна македонска плата. Во нивните глави. На долг рок ќе бидеме милионери.
Нешто во духот на вицон:
-Го гледаш онаму мостон ?
-Не !
-Па, нормално дека не го гледаш кога ги искрадовме парите.

Така и од нашиве.
-Го гледаш милионон кој ќе го добиеш следна година на сметка ко плата ?
-Не !
-И нема никогаш да го видиш, кај нас е. Куде Зоки и Кочота.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!