
Повредени се неколку луѓе од фрлените шок бомби од македонската полиција кон граѓаните кои протестираа пред Собранието на Македонија.
Повредените се префрлени со возила на Итна помош кон различни клиники, информираа очевидци.

Беа фрлени над 30 шок бомби. Од разорниот звук се тресеше цела општина Центар.
Една жена е тешко повредена во ногата. Крварела обилно и повредата и` е до коска.
Во моментот на фрлање на шок бомбите и солзавецот за разбивање на толпа од полицијата, во паркот на Жената борец и ГТЦ, на прошетка беа граѓани кои воопшто не беа демонстранти, особено родители со деца.

Гневот кон полицијата, по смирувањето на тензичната атмосфера, го истури еден родител.
-Како не ви е срам. По деца фрлате шок бомби-, викаше тој.

Други револтирано ја прашуваа полицијата зошто вака не ги тепала ,,шарените”.
Пред Собранието на Македонија се` уште има насобрани граѓани, а зградата, паркот и ГТЦ, се опколени од армија полиција.