Хотел ,,Јебарник”

 

,,Раскажувачката”

Пишува : Фросина Ѓорѓиоска

Јебо Факиќ – Трипер е инспиративен лик за сите швалери, ,,wanna be” швалери и останати љубители на аристократските вештини- бадијалчење, излежување и курчење.  Предизвик е и за нашите врвни уролози, што може да се заклучи по второто негово уметничко презиме. А второво презиме го доби вчера, како последица на името, откако случајно во диско се видов со една негова бивша, моја познаничка од градов.

Во слободно време, и тоа две години по ред, (приказнава се случуваше пред 3-4 години) се претставуваше како мој дечко, со силна амбиција за расплод со мене. За малце ќе успееше во своите намери, ако онаа женска интуиција не ја уклучев на најјако.

Навидум фин, воспитан, мирен, културен лик. Интелигентен, бидејќи со глуп не можам да издржам ни две минути, а не две години. Секоја мајка би го посакала за зет. Правевме планови за заедничка иднина. Всушност тој ги правеше. За да го маскира своето хоби – ебење на бегање (термин кој го практикуваат сите швалери по скопскиве преноќишта), секој ден ми велеше дека е подобро да се земеме. Јас како интуитивен лик, не прифаќав, го сакав, но не знаев точно зошто секогаш имаше нешто што како облаче ми стоеше над глава и ме одвраќаше од неговата понуда, накитена со убави зборови. Сега сфаќам зошто му се брзало. Откако ќе ме оженеше и ќе ми изнаправеше деца, ќе беше многу послободен за своето хоби. Плус потешко е да оставиш некој кога си во брак и со деца, отколку вака ко мене. Јас ќе му бев онаа сигурна, дома, со деца, која ќе му ги переше гаќите после секое негово ебење со друга и немаше да знам. Рушење на достоинстввото уклучено на стотка.

Една вечер, додека испаничено трчав по аптеки за да го најдам лекот на мајка ми, која е хронично болна (за среќа го најдов и се беше ок), ми стигна порака на телефон од бивша колешка, која Јебо не ја познаваше:

-Фрос, абе ти уште идеш со оној Јебо? Пошо баш вчера видов стаивте слика заедно.
-Да, да уште сме заедно, нешто као планираме да се земеме, па ќе видиме.
-Види, јас работам сега на рецепција во хотел ,,Јебарник” и не знам како ќе ме сфатиш, ама Јебо твој, само што дојде со една, гушнати, земаа соба. Знам како е, бидејќи јас имам поминато низ истото, затоа мислев дека е правилно да ти кажам.
-Ок. Идам.

Стигнав со брзина на светлината. Морав да имам конкретен доказ, затоа што верувам само на тоа што ќе го видам со свои очи. И го видов Јебо, со спуштени гаќи. Ок, таму нема што многу да се види. Ама тоа навистина беа гаќите кои му ги пеглав сабајлето, за овој да може испеглан да појде кај курвата. Дотеран и намирисан со парфемот што му го купи мајка ми за роденден на идното мило и мирно зетче. Стојам пред врата и слушам женски глас:
-Ајде ставај го, не можам да издржам повеќе-.
Место Јебо да и` влезе, влегов јас во соба.
Се гледаме сите тројца во очи. Добро, неа не можев да и ги видам очите од шминката и вештачките трепки. И таа знаеше која сум. Сигурно ме видела на слики кај Јебо на фб. Во целата таа мрачна и стресна атмосфера во собата, светеше само нејзината бурма.

-Добро, ме фати, немам изговор. Тоа што го гледаш тоа е. Не знам само како ме најде. Од кај знаеше кај сум?
-Среќо, продужи да го ебеш курвичето додека ти е дигнат, јас си одам, да не ви сметам.
-Чекај, кај одиш?
-Одам да бидам среќна.
-Ама понудата за брак се уште важи ако ми го простиш ова.
-Те молам молчи, додека сум смирена и културна, зашто ако продолжиш да збориш ќе добијам неодолива понуда за доживотен престој во Идризово. Полн пансион.

Најладна на свет, (дури и украсните камења во садот на комодата беа поживи од мене), им ја затворив вратата и си заминав. Овој идеше по мене, ама додека ги облече гаќите, јас веќе влегов во првото такси…

Тоа беше мојата најправилна одлука во животот. Можев и да му простам, да се згазам себеси, само за да бидам мажена и размножена, затоа што нели возот ми проаѓал. Затоа што, нели, општеството те прифаќа само ако си дел од нормалноста која ја дефинира мнозинството. Јас одбрав да бидам среќна на мој начин. Не знам да живеам лажен живот. Не знам да играм дупли игри. Играм на чисто. И љубезноста и дрскоста во мене искрени се. Во ова општество со изместени вредности, цената што ја плаќам за фер игра е висока. Затоа секоја неправда ме вади од кожа, па често пати жестоко се бунтувам. Ако. Важно среќна сум.

Јебо Факиќ после тоа се фати со една што ја знам. Истото и` го направи и нејзе. Нормално, го откачи. Сега е женет. Жена му е трудна. Успеа во намерата некого да врзе за да биде испран и најаден. Кај и да е, жената треба да се породи. А тој се уште е редовен гостин во хотел Јебарник. Дека е навистина така, говори и фактот што неколку пати му ја видов колата паркирана на паркингот од хотелот.

Стручна помош за дијагноза овде е повеќе од потребна, затоа што овој би бил предизвик на сите светски социолози, психолози и психијатри. Уролози, башка.
Ок, да нема вакви срцепарателни ликови (и машки и женски), цитатите на Паоло Коељо и Семе Синапово не би имале толкава ,,уметничка” вредност. Да ги нема овие ликови, Драган Таневски, ќе го читаше само жена му, кукле.
Главата горе дечки. Ако некој ве изневери (неверство е и кога другарот ќе ја изневери вашата доверба и ќе ве лае наоколу кај стигне), не губите вие. Губи тој/таа. Бидејќи самото нивно постоење е погубно. Луѓе со таков карактер не знаат да бидат фер ни со самите себе, а не па со некој друг.

Запомнете, среќата е состојба на умот. Среќата зависи од вас и само вие сте одговорни за тоа колку ќе се направите среќни себе си. А, на патот до среќата мора да падне и по некоја солза.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!