Д-р Никола Груевски со нова титула, но со стари навики-забранил снимање !

Поранешниот премиер на Македонија и сегашен пратеник, Никола Груевски, од денеска има нова титула-доктор на економски науки. Но, старите навики да  кажува кој, каде, смее да снима – не ги смени.
Па така, денеска на медиумите, кои го испочитуваа неговиот животен настан и свечен чин во кариерата, им било забрането снимање инсерти и било што од презентацијата. Среќа, некој од присутните не го послушал, па сепак го овековечил моментот на презентација во која ги набројувал своите економски успеси, меѓудругото.

Докторатот, пред комисијата, го одбранил во присуство на својата мајка, двете деца, новинари, студенти. Сопругата Боркица Груевска, не била дел од одбраната.

Темата на докторатот била со наслов: “Економски ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“.

Иако на Груевски му бил даден половина час, тој зборувал цел час, со најголем осврт на економските инвестиции додека бил премиер. Потоа прожекторот се расипал и конечно презентацијата завршила поради тој технички проблем.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!