Шилегов ги врати скопјани во 20 век : Низ градот пуштени автобуси-крнтии без клима

Фото : Ѕвонко Димитриевски

 

На линијата ,,57″ (Козле-Радишани и обратно) денеска патниците останаа шокирани од глетката дека по 8 години на станица им се појавува зглобен канта автобус, стар четири децении. На оваа линија досега возеа исклучиво двокатни автобуси.

Откако луѓето и по неколку трепкања увидоа дека навистина се во кошмар, во смрдеа без клима, им остана да сфатат дека Петре Шилегов навистина ги пуштил низ Скопје најголемите канти од автобуси, кои беа исфрлени од сообраќај во градот, уште пред 8 години. Пред се`, поради амортизираност, старост, но и енормно загадување.

Пред десет години, минатата градска гарнитура набави 303 нови автобуси-200 двокатни кинески и 103 нископодни украински.
Зошто Шилегов ги враќа скопјани во 80-те години од 20 век, а градот дополнително го загадува со крнтии во кои патниците се мачат без ладење, останува јавно сам да даде одговори. Тој, иако вети нови електрични автобуси и замена на возниот парк на ЈСП, досега нема набавено ниеден.  

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!