Ве глеам сами у празно диско, па да прашам дали сакате ,,тројка” ?

,,Раскажувачката”

Пишува : // Фросина Ѓорѓиоска

Четири часот наутро за мене и моите колеги од угостителската дејност значи крај на работниот ден. Со колешката обработуваме по едно ,,мохито” како докторска дисертација, уморни од носење води со две коцки мраз, без мраз, со пола коцка мраз, аперол со црвена цевка и чадорче или негазирана вода од хималајските падини, каде ја полнеле просветлени монаси, специјално за разгалениве деца на нашиве локални богаташи, кои, се нарекуваат себеси бизнисмени и политичари, а стручниот термин е криминалци.

А, со ,,мохитото” иде и убав муабет додека чекаме да не` викнат газдите да го предадеме прометот. Филозофски настроени додека локаме од ,,мохитото” ко тибетски говеда на поило и гледаме во судбината ко телиња во шарена врата, разговараме за фоките на Антартик и истребувањето на поларните мечки. Кој нормален разговара за фоки у 4 сабајле? Нашиот муабет, во оној занес додека глумевме интелектуалки, го прекина Јебо Јебозовни. Ничим изазван.

Одеднаш една карикатуричка од метро и шеес’пет застанува меѓу нас, не` гушка, ни ги префрла рацете на рамо и го поставува прашањето од милион долари:
-Ве глеам тука сами у празно диско, па дојдов да ве прашам дали сакате ,,тројка” ?
-А шо, ти Перо Антиќ си?
-Молам?
-Па, само Перо Антиќ дава ,,тројки” и ретко промашува. Ти не ми изглеаш на тројкаш. Ти едвај би добацил и од под кош , – му велам.
-А, бе, дечко што ти е на тебе? Дај бркај си работа. Ние сме персонал овде , – зачудено и со доза на гадење вели колешкава.
-Па што ако сте персонал. Тоа не значи дека не можам да ве ебам. Можам и двете одеднаш. Ајде, шо викате? Јебозовно изгледате двете, како би ви влегол , – вели Јебо на кој десниот бицепс му беше поразвиен од левиот, што беше доказ дека долго време е сингл. Секоја чест на самодовербата негова, со оглед на тоа дека имаше фризура у боцки и исчупани веѓи левел “козметичарката има Паркинс”.
Тегет палтенце и тесна панталона завиткана до над глужд. Моите хеланки беа пошироки од неговите панталони. Тоа значеше дека дечкото има вишок естроген, ама немаше кој да му каже. Битно е модерен. И битно му се ебеше. Тоа што под мишка беше ко да имаше мртва мачка и ширеше ареа како твор во сауна, беше доказ дека не ги користи многу услугите на санитарниот чвор. Но, ни тоа не го засегаше многу. Дечкото беше решен да ебе во ,,тројка”.
-Слушај, Јебо, ај фаќај правец од кај што си дошол, затоа што оваа твоја упорност за нас е навреда. Ај, бриши од овде , – му велам.
-Еј, па ти ама си безобрзна, колешкава ти е покултурна. Ти си безобразна што ме бркаш. Немаш култура. Јас сакам ,,тројка”, а вие сте таман за тоа, штом седите тука до сабајле.
-А, бе, сто пати ти кажавме да си одиш , – вели колешкава.

-Види другар, бидејќи напна и почна да навредуваш со изјавите и пристапот, а јас и колешката со ништо не сме дале до знаење дека сакаме нешто такво, ќе ти повторам за последен пат дека треба да се тргнеш од овде, затоа што ако не те снема за 5 секунди така ќе те искршам, што прстите ќе можеш да си ги видиш единствено со помош на бујна фантазија. А, ако ти го пуштиме сопругот на колешкава кој стои онде и работи како  обезбедување во локалов, ќе треба да вадиш нова лична карта и ќе имаш фаца само за на радио, а и многу доктори ќе специјализираат на тебе , – почнувам да викам.

На другиот крај од диското стојат неговите другари и му се смеат.

-Ех, седат до сабајле сами во диско, со толку мажи наоколу и после ќе се праат поштени, не сакале ,,тројка”. Свашта , – триумфира Јебо со својот ,,интелигентен” заклучок.

Глупоќата на Јебо имаше вселенски размери. Исто како и мојот бес кога таква глупоќа ќе ми се обрати лично.
Мажи, жени, на сите ви се обраќам. Живејте како сакате, секој има право да биде тоа што е. Секој има право да работи тоа што сака. Ако Јебо е тројкаш-нека е. Негово право. Но, со кое право тој нас не` етикетира како такви само затоа што сме биле во диско во 4 сабајле? Ако некој за нешто културно ви каже НЕ, повлечете се. На луѓето овде тешко им е да прифатат НЕ како одговор. Смртно се навредени кога некој ќе ги одбие. Его и комплекси имаме за извоз. Оставете ги предрасудите и етикетите и почитувајте ги другите луѓе, ако сакате да бидете и вие испочитувани. Ова општество смрди, затоа што секој од нас сопствената несигурност ја маскира во вид на етикети и предрасуди упатени на туѓа адреса. Можеме да опстанеме како заедница само ако работиме на подигање на свесноста за подобрување на меѓу човечките односи. Немој да рушиш ничие достоинство, ако ти немаш сопствено.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!