
Слобода за Моника Ристеска-активистка за легализација на канабисот, побараа денеска граѓаните, кои, се собраа пред Основното јавно обвинителство, во знак на протест поради одредување на 30-дневен притвор. Таа вчера беше приведена, по претрес на нејзиниот дом и пронајдени наркотични средства.
Протестот, на кој присуствуваа и јавни личности, се одржа под мотото – ,,И јас сум Моника, апсете ме”.

Адвокатот Јанаки Митровски, кој е член на здружението ,,Билка” за декриминализација на канабисот, нагласи дека не е задоволен од притворот на Ристевска, бидејќи во исто време државата дозволува некои фирми да водат милионски бизниси токму од канабис.
Најави дека ќе поднесе жалба со цел изрекување на поблага казна.
-Сметам дека аргументите се на наша страна, но праксата не ми остава простор за оптимизам – изјави тој.
На Ристеска и` е изречена мерка притвор поради постоење опасност од бегство, повторување на делото и влијание на сведоци.

-Недопустливо е државата да допушта мултимилионски бизниси за правни лица, а уживателите да ги гони кривично. Никој не мора да биде притворен поради користење наркотици, особено канабис не е основ за одредување мерка притвор-рече Митровски.
Моника Ристевска доби 30-дневен притвор откако нејзиниот дом беа пронајдени 30 милилитри масло од коноп и 15 грама коноп.