На бизнисменот Лаксатив Шупаковски му течеше по ногавици, па заспа на шолја

,,Раскажувачката”

Пишува : // Фросина Ѓорѓиоска

Денот 14-ти февруари за некој е Свети Валентајн, за некој е Свети Трифун, а за мене и Маријана обичен работен ден. Јас и Маријана како одамна докажани малери, во кафичот кај што работевме, ја имавме ,,привилегијата” да пречекаме машка екипа која ни остана во трајно сеќавање. Се скопски мангупи. Некои едвај стоеја, некои скоро лазеа, трети си мислеа дека се уште се у некое лозје, а не у кафич, четврти ги користеа услугите на санитарниот чвор, за да извадат од утроба се` што до тогаш испиле, петти пеат, играат.
Меѓу таа екипа имаше и други гости кои си беа дојдени на муабет, па не сакаа мирот да им биде нарушен од оваа екипа на екстра весељаци. Додека јас и Маријана во шанк ги задоволуваме пијачките капацитети на фраериве, во кремасто одело и црвени обравчиња, од другата страна на шанкот ѕиркаше едно бушаво главче со виткана коса, од метро и шеесет. Тоа главче беше на еден познат скопски лик и етаблиран бизнисмен. Пиел ракија, пиел вино и кај нас продолжи со виски. Со вискито му подадов и салфета за да си ја избрише лигата што му течеше врз уста и му капеше на шанк, која тој не ја ни осеќаше. Да завршевме кај лигавењето, супер ќе беше.
Набрзо едни девојчиња што седеа на масата до бизнисменов, станаа и со брзина на светлината си отидоа. Со трчање. Јас и колешкава се чудевме зошто. За некое време почна нешто да ме штипе за очи, да ми паѓаат веѓи, трепки. Почнав да се осеќам ко у Чернобил. Излегувам од шанк и што ќе видам. Плочките пред шанкот беа графички издизајнирани со траги од измет од господинот бизнисмен, Лаксатив Шупаковски. Како пие, така сере. Гостите почнаа да бегаат од смрдеата. За ситуацијата да биде уште потрагикомична, на другиот крај од шанкот, на само метро и пол од уметничкава инсталација на плочки, друг скопски фраер јаде пилешки прсти и уредно си мацка од сосот. Толку беше пијан, што не постоеше смрдеа која ќе го предомисли да не замези со пијачката. Хорор у најава.

Шупаковски тргна да оди накај тоалетот, иако веќе беше доцна. Како одеше натаму, така му паѓаше измет низ ногавици. Јас и Маријана видно изнервирани, бидејќи ние сме персонал и мора да седиме у таа смрдеа до затворање. Уметничката инсталација доби поголеми размери – низ цел кафич. Како влезе човекот у тоалет, така заглави внатре. Го најде негов другар, заспан на шоља, со облечени панталони. Луѓе некако го извадија и го однесоа дома.
Му се јавивме на газдата да му кажеме. Ни рече малце да подзачистиме и да затвориме. Тоа беше премногу за мене и Маријана, но како доброволец за чистење се пријави еден другар на газдава, па ние му носевме вода, а тој подгрбавен, подзачисти малце со џогерот.

Но, најголемиот дел за средување го оставивме за сабајле, на жената што чисти.
Одиме сабајлето на работа и ја гледаме женава што чисти, трудна седми месец, пцуе, колне, се дере за тој што го направил ова. Даде отказ, со следнава изјава:
-Јас сум чистела се` во животов, ама вакво нешто немам видено до сега. Ќе се породам пред време од мака. Си одам, давам отказ. Ова е премногу и за мене – , ја фрли метлата и си замина. Газдава на телефон ни вели:
-Ако чистачката си заминала, вие чистете.

-Еве, треба да чистиме, ама црева ќе истуриме, вчера еден се посра, лом направи.

Се мислевме дали и ние да си заминеме од овде, не можеше ова да го чисти.
-Сега јас ќе средам. Вие не мора ништо да праите. Јас и така имам проблем со носот и не осеќам мирис, не ми е проблем да исчистам.
Човекот го зема џогерот, исчисти се`. Се заблагодаривме и го почастивме и пијачка. Било кој да беше немаше да го направи тоа за да им помогне на две конобарки кои животот ги заглавил во гомна. После тоа, се јави и на газдава:
-Пријателе, сум ти го исчистил цел кафич со се WC – то, пошо ништо не осеќам со носов.  Ај, сеа, да частиш уште една вотка.
Седевме можеби еден саат со човекот и се смеевме раскажувајќи ја случката од претходната вечер. И ден-денес го збориме со Маријана.

Тоа се тие мали работи, кои човек го прават голем во очите на другите. Тоа е таа фраерчина и човечност за која другите кои ни пукаа сеир и се понашаа дека се од големото добро утро, можат само да сонуваат. Тоа е поим за џентлмен, за боем, за другар. Школски пример за емпатија и солидарност. Голем човеку, иако не можеш сега да го прочиташ ова, за тој гест заслужи поклонување до земја. Благодариме.

А за ликовите како Лаксатив Шупаковски имам да кажам само дека ми е жал. Колку треба да ти е тажен животот за да се доведеш во таква ситуација за да немаш контрола врз себеси? А, да се доведеш во ситуација каде немаш контрола ни врз физиолошките потреби е рамно на животен пораз. Потребата да се опуштиш и да се напиеш не треба од тебе да прави пример за потсмев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!