Европската ракометна федерација, преку Твитер, им ја честиташе шампионската титула на нашите ракометари од ,,Вардар” со зборовите : ,,Ова е прикаска, која ако ја напишеш, никој нема да ти верува”.

На улиците во Скопје и на плоштадот Македонија, уште се слави победата и втората титула на ,,Вардар” во ,,Лигата на шампиони”.
Кога се игра со срце, самодоверба и со знаење, без традиционалниот македонски комплекс инфериорум за тоа колку сме наводно мали, сиромашни и неважни, Европа нема формула да не` сопре на патот кон ѕвездите.
Нашите ,,вардарци” се доказ дека навистина се победува со љубов и емоции.
На овој народ му се потребни победи, херои, потребни му се бои и конфети за да се издигне над својата вековна инфериорност.
Вардар, вечен да си !
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]