По бројните реакции во јавноста и изразен револт, професорката на Правниот факултет и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, демантирала дека дала интервју за српски портал во кое вели ако дојде до федерализација на Македонија, би можеле како земја да се свртиме кон Србија и да направиме сојуз.
Еве, мене лично ми беше нејасно, како тоа професорката се дрзнува да го зоврива котелот на вака важни теми, баш во овој период кога нејзината партија ја чекаат избори, а да ја нема десет часа да објасни.

Туку, во својот демант, Василевска, на почетокот вели дека не станувало збор за интервју, напротив за слободен разговор, академско видување, а нејзините зборови биле извадени од контекст.
Но, на крајот од своето обраќање до јавноста вели дека станува збор за – неавторизирано интервју.

Значи, професорке, одлучете се – дали било слободен разговор или интервју?
Фокус имате?
Ако било интервју за некој српски портал за вака сензитивни теми, а себеси се сметате за сериозна личност, не е малку повеќе срамота, во период на најавени избори, да немате побарано авторизација?
Дури и да бил слободен разговор, не давате одговор каде тој јавен настан се одржал и зошто немате снимка за одбрана од , како што тврдите – лажни вести?
Професорка сте или што е работава!?
Ајде, утре втор обид – интервју било или слободен разговор?
[facebook]