Искршено игралиште кај Градски ѕид, станарите луто бараат позорникари

Хулигани, денеска, во 2.30 часот по полноќ,  искршиле реквизити од детското игралиште во рамки на Градски ѕид, спроти Владата на Македонија. Бучавата, тресокот и дивеењето, кои, продолжиле кон кошаркарското игралиште, разбудиле дел од станарите, кои, од тераси влегле во конфликт со вандалите, по што добиле навреди и пцовки.
Очевидци опишаа дека станува збор за двајца млади, со црни тренерки и качулки.

Ова не е прв вандализам во овој реон. Пред некое време, жители се жалеа на бездомник, кој, живее во подземните гаражи и кој во алхолизирана состојба прави сериозни проблеми и влегува во конфликти со жители и малтретира животни, но ништо не е решено од ниедна служба-тој уште е на старото место.

Станарите од Градски ѕид се жалат подолго време дека живеат во страв и под стрес, поради сите овие инциденти во околината од луѓе со непримерно и насилно однесување, но и зависници.
Велат, од полиција им ветиле позорникари во овој реон, поради вандализми, но и кражби, но досега – ништо од ветувањето. Инцидентите продолжуваат, а со тоа вознемирениста и нарушувањето на јавниот ред и мир.

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!