Кампањите за избори почнаа, а со тоа и тетоважите. Во духот на славниот вмровец со прекар Бате Геле, кој, своевремено го истетовира на рамо, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, така друг фан, деновиве, го истетовирал на нога, Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци. Тетоважата е комплетирана и со слоган: ,,Мито е Тито”.

Дали тоа ќе биде и предизборен слоган за парламентарни избори, ќе видиме. Во секој случај очекувано е, доколку влезе во рингот, Јанчев, да атакува и да собира на свое конто вмровски гласови во Кавадарци и од таа изборна единица. Но, на друга листа. Дали како носител на некоја новопартиска или независна, не е уште познато. Во секој случај, тој најави дека нема амбиции за извршната или законодавната власт, напротив желба му е втор градоначалнички мандат.
Јанчев, лани, беше разрешен од потпретседателското место во ВМРО-ДПМНЕ, поради поддршка на референдумот за Преспанскиот договор. Неодамна, се појави како гостин на трибина на СДСМ.
[facebook]