Општинарите од Карпош ја започнаа информативната кампања за правилно одлагање на отпадот во населбите, но ги интензивираат и контролите.
– Десет вработени од урбаните заедници добија овластување за комунални редари и право да ги казнуваат загадувачите.
Сите носиме одговорност за чист Карпош! – информираа надлежните.

Оттаму повторно потсетија дека во Центарот за селекција на отпад на Јавното претпријатие ,,Комунална хигиена”, долж булеварот „Илинден“, позади бензинската пумпа на „Макпетрол“, граѓаните можат да го одложат кабастиот отпад од кој имаат потреба да се ослободат (застарен мебел, електричен и електронски отпад).
Телефонот за транспорт на кабаст отпад од домот е 0800 – 222 – 33. Услугата се наплаќа, доколку отпадот го пренесат камиони на претпријатието, но не и доколку граѓаните го однесат сами.
Повеќе информации на следниот линк:
https://karpos.gov.mk/%D0%B7%D0%B0-%D1%87%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0-%D0%B8-%D0%B7%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0/
Изминатите денови, пак, општински служби ја исчистиле новата депонија во Злокуќани, околу напуштеното фудбалско игралиште, на која со години несовесни граѓани фрлале отпад и палеле огнови на отворено.

– Тука ги интензивираме инспекциските контроли, Општината и МВР, со цел да не се повтори оваа слика – рекоа од Општината.
Во истата населба, спроведена е и акција за темелно чистење со комунални служби (хигиеничари).
Во следниот период ќе се чистат депониите под мостот „Газела“ и во Бардовци, во близина на реката Лепенец.
[facebook]