Броиме до 2020 година: Среде Скопје, елката си свети

Со вeчерашното осветлување на елката на плоштадот „Македонија“ и отворањето на новогодишниот базар „Винтерленд“, симболично започнаа новогодишните празнувања во Скопје, информираа градските власти.

Граѓаните ќе имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма. На почетокот на новогодишниот базар присуствуваше градоначалникот Петре Шилегов, а празничната атмосфера беше збогатена со детска претстава проследена со новогодишни и божиќни песни.

– Имавме спектакуларно осветлување на новогодишната елка, што за првпат го гледаме во нашиот град. Бидејќи ни претстојат денови исполнети со многу радост и среќа, Ве повикувам да го посетите ,,Винтерленд” и да уживате во богатата и разновидна програма секоја вечер за сите возрасти. На скопјани им посакувам убави новогодишни празнувања – порача Шилегов на отворањето на новогодишниот базар.

Новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена – од отворањето на базарот, па до 31 декември, до дочекот на Новата 2020 година. Во близина на куќичките ќе биде сместена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. Во работните денови секој ден ќе има два часа детска програма која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има три часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма која ќе почнува точно напладне.

Градот Скопје ги поканува граѓаните да го посетат „Винтерленд“ и сите заедно да ја доживеат новогодишната атмосфера организирана по примерот на останатите европски плоштади.

Линк до видеото од вечерва:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2371071169889078&id=1518824821780388

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!