Владата пушти пензии пред Нова Година – трк до банкомати

Иако, пензиите за тековен месец на сметки секојпат речиси ,,легнуваа” од 5-ти до 7-ми секој месец, јануарските пензии се веќе префрлени на контата на 320.000 пензионери. Пред Новата година.

Покачувањето од 700 до 900 денари, законски измени кои беа изгласани вчера, пензионерите ќе ги добијат со февруарските пензии, откако новиот Закон ќе биде објавен во ,,Службен весник”.

Веста за изгласувањето на Законот, вчера, ја објави и премиерот Зоран Заев, кој напиша: ,, Победа за 320.000 пензионери, коишто од следната година ќе добиваат повисоки пензии од 700 до 900 денари месечно. Тоа ќе биде дополнителен приход за секој пензионер просечно за 10.000 денари годишно.”

ПРОЧИТАЈТЕ: ,,Поздрав до ,ветеринарката’ Мила Царовска со ,чаирска романтика’ “

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!