Венко Филипче прво да излезе на прес и да каже на народот колку буџетски пари ќе одат во џебот на Камчев со измените на Законот за заразни болести со кои се дели колачот за лечење на пациенти меѓу приватно и јавно здравство. А, потоа нека се гласаат измените.
Откако ќе им раскажеш, Венко, народот сам нек процени дали и колку си на нивна страна.
⚠️ Тоа што вмровци, во моментов, ги блокираат измените, кои, се во корист на нивниот миленик Камчев, е фол, но и само едно кажува – дека некој пазар има под маса меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Да си го информираш народот Венко кој е есапот од овие измени по брза постапка и дали оние кои треба да се во затвор, ќе профитираат од #КОВИД19.
Ништо не ви должам ни тебе, ниту на СДСМ, за да го кријам ова од јавноста.
Тоа што бев за СДСМ, затоа што не ги сакам вмровци, не значи дека ќе ви допуштам да полните џебови на оние кои требаше да ги процесуирате.
И не само Филипче. Владата на СДСМ да му објасни на македонскиот народ зошто со законски измени ќе му го полни џебот на #Камчев. Со наши пари, кои ги уплаќаме во државен фонд. Тоа е оној истиот Камчев кој го урна СЈО и купува доктори и сестри во приватна болница.
Каков е овој договор меѓу Камчев и СДСМ❓
Како тоа немате капацитети во јавно здравство – ене ви го ,,Мајчин дом”, 20.000 метри квадратни, ако не и повеќе, ви се скроз празни и може да биде нов КОВИД центар.
Како тоа носите ваков ,,воено профитерски” закон пред очите на сите нас, како да сме магарињата на Лидија Димова❓
Значи, ќе ви излеземе на улица сите ,,шарени” ако продолжите со ова темпо да нè правите глупави, додека цедите Буџет за оние кои на пресови ги нарекувавте криминалци, а предметите за нив ви се во фиока.
ДА СИ ГО ПОВЛЕЧЕТЕ ОВА ЃУБРЕ ОД ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ℹ
ЦИТАТ: 👉,,Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести кои ќе се носат по скратена постапка, веќе е во собраниска процедура.
📘….Во членот 28 по ставот 2 се додаваат три нови става 3, 4 и 5, кои гласат:
Лицата заболени од Коронавирус COVID-19 задолжително се лекуваат во јавни здравствени установи. По исклучок од ставот 3 на овој член, лицата заболени од Коронавирус COVID-19, по медицински индикации, се лекуваат и изолираат и во приватни здравствени установи кои имаа дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија..”
[ЈИЈ]
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]