Американците под стрес за изборната ноќ-потрошено многу алхохол, храна и марихуана

Без оглед на нивната политичка определба, Американците беа обединети на еден фронт на денот на изборите: јадење под стрес, пиење под стрес и пушење марихуана за поопуштено да ја поминат изборната ноќ очекувајки ги резултатите .
Бидејќи изборните резултати продолжија да се тркалаат во средата, деловните субјекти што продаваат храна, алкохол и канабис за рекративна употреба објавија пораст на нарачките.
Услужните субјекти за испорака на алкохол рекле дека продажбата е за 68% поголема во однос на претходните четири вторници, во просек. Продажбата во Вашингтон порасна за 133%; во Њујорк за 110% и во Лос Анѓелес за 35%. Во ,,сините” држави продажбата скокнала за 75% во споредба со претходните четири вторници, додека во ,,црвените” држави, таа се зголемила за 33%.Виното сочинувало 42% од продажбата, алкохол – 41%; и пиво -15%, соопштија од бостонската компанија ,,Дризли”.,,Eaze”, кои продаваат марихуана, имале побарувачка од 17% во Калифорнија во споредба со претходниот вторник.

Во вторникот попладне, Гугл Трендс објави на Твитер дека врвните пребарувања „близу мене“ се однесувале за пица, кинеска храна, продавници за алкохол, суши и мексиканска храна. „Помфрит во близина на мене“ и „продавница за алкохолни пијалаци близу мене“ биле исто дел од бројните фрази на пребарувачот.

Локалните независни ресторани за пица забележаа прилив на нарачки. Од италијанскиот ресторан ,,Антико” рекле дека продажбата е три пати поголема од вообичаеното во вторник. Клиентите буквално натовариле пица и сладолед.„Луѓето беа многу отворени во врска со стресот и потребата од удобна храна“, изјавиле од пицеријата.

,,Prime Pizza”, со локации во Бурбанк, областа Ферфакс и центарот на Л.А., соопшти дека налозите  за испорака помеѓу 11 и 17 часот. беа тројно повеќе од вообичаеното за вторник. Вкупната продажба за тој ден била поголема за околу 250%.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!