Објавено во весникот ,,Шпиц”, 20 ноември, 2010 година
,,Дали знаете, господине Антонио Милошоски, дека во една своја колумна, Вашиот некогашен пријател Филип Петровски тврди дека во времето на студентските демонстрации во 1997 година сте биле деклариран бугарофил? Дали е тоа вистина? Дали е точно дека кога една година подоцна сте биле сменет од потпретседателската функција во подмладокот, како што тврди тој, сте се жалеле дека сте биле сменети токму поради Вашето наводно бугарофилство?
Дали е точно, министре Милошоски, дека во тие години сте предлагале ревизија на македонската азбука и дека сте објавиле книга со наслов „Исчашена азбука“? Вистина ли е дека нашата македонската азбука погрдно сте ја нарекле „караџица“ и дека сте барале враќање на буквите големо и мал ,,ер”, карактеристични за бугарското писмо? Дали во тогашното гласило на ВМРО-ДПМНЕ, „Глас“, сте објавувале статии со вакви ставови?

Дали некогаш, господине Милошоски, кодификаторот на македонски јазик, поетот Блаже Конески, сте го нарекувале „џуџето од Небрегово“, „шеќерниот џелат“ и „без’рбетниот академик“?
Дали е точно дека неделникот „Фокус“ објавил серија фотографии, снимени на 31 август 1999 година, кога Вие, господине Милошоски, наводно сте присуствувале на чествување на делото на Тодор Александров, на неговиот гроб на Пирин планина, заедно со подмладокот на ВМРО на Каракачанов? Ако е ова точно и ако овие фотографии се автентични, можете ли, министре, да ни ги објасните Вашите мотиви за таа несекојдневна екскурзија?

И конечно, дали во меѓувреме, господине Милошоски, еволуиравте во своите ставови, кон една потолерантна позиција, која би допуштила македонскиот јазик да се смета за автентичен јазик, а не преработен и посрбен источнобугарски дијалект?
Првиот дел од бугарофилската сага на Милошоски, прочитајте ја на следниот линк:
РЕТРО: Милошоски спиеше на таванот на Каракачанов и го вееше бугарското знаме
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]