На скопскиот аеродром, денеска, пристигна авион со 10 тони хуманитарна помош од Обединетите Арапски Емирати [ОАЕ] за борба против пандемијата предизвикана од коронавирусот. Македонија доби речиси 1.500 пакети медицинска опрема за заштита на медицинскиот персонал.
Донацијата е во рамките на програмата ,,ЕMIRATES AID – COVID19 GLOBAL RESPONSE”Вредноста на помошта е повеќе од 1,5 милиони евра, а е во рамките на програмата на Емират еид (ЕMIRATES AID – COVID19 GLOBAL RESPONSE) под покровителство на престолонаследникот и заменик врховен командант на вооружените сили на ОАЕ, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, принцот на Абу Даби.
ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Строги мерки во Ирска: Полицијата ги отстрани од продажба новогодишните украси
Доделена е од страна на одделот за меѓународна помош на Министерството за надворешни работи на ОАЕ, според насоките на Шеик Абдула Бин Зајед Ал Нахјан, министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на ОАЕ.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]