Нешто кое се чуваше во тајност, објавено е деновиве во ,,Њујорк тајмс”. Разузнавачки извори за весникот тврдат дека вториот човек од ,,Ал Каеда”, обвинет за помагање при планирање бомбашки напади врз две американски амбасади во Африка во 1998 година, бил убиен од израелски оперативци во име на САД.
Абдула Ахмед Абдула, познат како Абу Мухамед ал-Масри, бил застрелан од двајца мажи на мотори на улиците во Техеран на 7 август годинава, обелодени ,,Тајмс”.Убиството на Масри, кој се сметаше за наследник на сегашниот лидер на ,,Ал Каеда”, Ајман ал Завахири, досега се чувало во тајност.
Улогата на САД во убиството на овој милитант кој е роден во Египет останува нејасна, забележува весникот.
,,Ал Каеда” не ја објави неговата смрт, а иранските власти молчеле. Никој не ја презеде одговорноста.
По објавата, Иран, ја нарече веста лажна, со тврдење дека нема терористи на ,,Ал Каеда” на нивна територијата.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]