ИГРА ЗА ТРОНОТ И ПАРИТЕ?: Николоски го игра финалето за смена на потрошениот и изолиран Мицкоски

Сеприсутноста во медиумите на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, само едно кажува – охриѓанецот полека го подготвува финалето за преземање на тронот во партијата заедно со своите инсталации за елиминација на Христијан Мицкоски од челното место.
А, додека Николоски медиумите го ,,играат” т.е. дава постојано изјави и оди на интервјуа,  на Мицкоски почнаа дури и да му откажуваат интервјуа. Изолацијата е целосна – губитник на три избори, исмеан од јавноста и од власта, медиумски ,,погребан”.

Најлојалниот оперативец на Николоски се смета дека е Синиша Алексовски, екс разузнавач, неодамна востоличен во шеф на партискиот комитет за безбедност

Николоски се подготвува за преземање на тронот одвнатре, со помош на груевистичките инсталации кои Николоски ги има под целосна контрола со амин на Никола Груевски, наспроти аспирациите на вмровските фракционери кои бараа Конгрес и се залагаа за надворешно преземање, ама без пуч. Николоски е свесен дека мора да брза, пред друг да му го преземе тронот на кој толку, долго чекаше.
Груевски има намера да ја задржи партијата во целосен посед, откако и самиот се увери дека Мицкоски е целосно промашена негова инвестиција.

Николоски ги држи сите ,,груевистички” инсталации в рака

А, која е екипата на Николоски која ќе му помогне во амбицијата и која беше распоредена како војска околу Мицкоски, за негова целосна контрола и изолација?
Отприлика, еден дел од оние кои се дел од случајот ,,Пајажина”, за кои ЈО и Вилма Рускоска отворија предистражна постапка за перење пари, измами и други финансиски криминали – сегашни и екс членови од високото раководство на партијата, членови, екс директори, како и луѓе од разузнавачки структури, сите од времето на Никола Груевски и Ѓорге Иванов.
Според информациите до кои дојде „ Скопје 1“ предистражната постапка за ,,Пајажина” покрај Николоски, опфати и еден од главните вмровски разузнавачи, потоа поранешен директор на „Фондот за здравствено осигурување“ кој потоа станал директор на фарма за канабис, еден бизнисмен кој работи во градежништо, угостителство и обложување, еден поранешен кошаркар, потоа еден директор на приватна фирма со руски капитал ( познат на јавноста по закани со убиство и подметнати бомби ).

ЈО уште прибира докази, нема обвинение.

Предистражната постапка на ЈО се однесува на субверзивни активности за уривање на Преспанскиот договор и за перење пари кои доаѓале од една источна држава со светско влијание, а износите се во милиони евра.

Како Мицкоски беше нализган на ,,тенок мраз”?

Главен актер кој гравитира околу потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е Синиша Алексовски, екс разузнавач. Но, во орбитата се и Наќе Чулев и Киро Тодоровски [види фото], сите тројца дел од Агенција за разузнавање во време на Н.Груевски. Едниот, Тодоровски, беше и шеф на кабинет на Гордана Јанкуловска и е обвинет во ,,Титаник” за фалсификување лични карти и лажирање избори.

Главните играчи на Николоски (од лево кон десно) – Киро Тодоровски, Наќе Чулев, Синиша Алексовски

Интересно, но Алексовски неодамна беше поставен за главен во Комитетот за безбедност во партијата.

Тивката војна меѓу Мицкоски и Николоски започна непосредно пред и по губењето на Парламентарните избори. Дека се планирал Конгрес, јавноста се увери од компјутерот на Николоски, каде случајно, а можеби и не, камерата на АЛСАТ регистрираше листи на делегати. Веќе сè било подготвено.

Една од фазите во кои Мицкоски беше елиминиран на јавна сцена беше ,,Верушевски патриот” и ,,извинување за 27 април” – [на фотографијата, Мицкоски, сликан на 27 април, 2017 пред собраниската врата]
Имаше три фази за елиминација на Мицкоски во очите на членството:
▪Јавно прогласување на Верушевски јуниор за патриот од Мицкоски, нешто кое ги разгневи вмровците кои гнијат во затвор за ,,27 април”. Малтене уште ,,орден за храброст” не му додели на Верушевски.
За тоа време, Мицкоски, не ги ни споменува повеќе оние кои ги нарекуваше ,,жртви на пригон”.
▪Медиумска изјава на Арбен Таравари од ,,Алијанса на Албанците” дека Мицкоски им се извинил за ,,27 април”!?
▪Последната фаза е автоголот на самиот Мицкоски за бојкот на локалните избори во Штип.
Дали тоа била негова одлука? Неважно. Кредибилитетот на Мицкоски во очите на членството и јавноста е растопен како сладолед. Повеќе не е ни за консумирање.

[ЈИЈ]

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!