Извештај на ООН: Пандемијата ги задржа жените дома, голем е ризикот да бидат жртви на партнерите

Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), денеска, објави краток преглед од истражувањето – Што велат податоците за криминал и телефонската линија за влијанието на пандемијата Ковид-19 околу пријавеното насилство врз жени и девојчиња.

Според истражувањето, родовото насилство врз жените продолжува да претставува значителен проблем во врска со јавното здравство и кршење на човековите права.
Во 2019 година, се покажа дека домот продолжува да биде најопасното место за жените и девојчињата.

Околу тековната пандемија КОВИД-19, се вели дека за релативно краток временски период, таа веќе има огромно влијание врз општествата и економиите ширум светот, влијаејќи на скоро секој аспект од секојдневниот живот. Меѓудругото и дека од почетокот на пандемијата, воведените мерки за карантин за ограничување на ширењето на КОВИД-19, тие станале грижа и на агенциите на ОН, токму поради опасноста за зголемено родово и семејно насилство врз жени и девојчиња.

– Ограничената мобилност ги задржа жените дома, а со тоа го зголеми ризикот да бидат жртви на интимните партнери или членови на семејството – се вели во извештајот.

ПРОЧИТАЈТЕ: Земаат плата со истечен мандат: Шест години, МРТВ, е заробен од груевистички кадри, а СДСМ- спие!

Целта на овој краток преглед на истражувањето, потенцираат од UNODC, е
да обезбеди докази за подобрување и разбирање на влијанието на Ковид-19 околу насилството врз жени и девојчиња, со фокусирање на криминалот пријавен кај властите и инциденти пријавени во линиите за помош.
Анализата опфаќа податоци за насилство врз жени и девојчиња собрани од UNODC во првата половина на 2020 година за жртви на убиство од интимни партнери, за жртви на „фемицид“, за сексуален напад и силувања, пријавени до властите. Како и повици на телефонските линии за поддршка на жртвите на криминал и жени кои доживуваат родово насилство.

– Оваа проценка се заснова на ограничен број на земји и – со оглед на малата количина на податоци и хетерогеноста на новите трендови – се фокусира на илустративни примери на земји без да се извлечат заклучоци за глобалните трендови или за целокупното глобално влијание на мерките од Ковид-19, нивната распространетост и пријавување на насилство врз жени. Сеопфатна проценка на целокупното влијание на пандемијата може да се направи откако ќе станат достапни повеќе податоци за повеќе типови на криминал што ги погодува жените, вклучително и смртоносно насилство врз жени, како што се убиства врз жени и девојчиња – фемицид – , заклучуваат од UNODC.

Од оваа организација се надеваат дека доказите презентирани во овој краток извештај, иако ограничени, можат да се искористат за непристрасна проценка на тековните трендови на пријавено родово насилство врз жени и девојчиња и да се даде приоритет на националните и меѓународните одговори.

Изолацијата влијае на семејно насилство

– Мерките за заклучување потенцијално можат да влијаат на насилството врз жените на два спротивставени начина: со зголемување на оптоварувањето во домот (бидејќи жените поминуваат повеќе време во изолација со насилни партнери и членови на семејството, тие се повеќе изложени на семејно насилство) и со намалување на изложеноста на криминал извршен надвор од домот (бидејќи социјалната интеракција е намалена). Повеќе информации на темата – Ајснер и Нивет -, „Насилството и пандемијата, итни прашања за истражување“ (Њујорк, Фондација Хари Франк Гугенхајм, април 2020 година)

Разновидноста на доказите што произлегуваат од овој краток преглед на истражувањето и други неодамнешни студии кои го анализирале влијанието на Ковид-19 околу насилството врз жените ја рефлектираат еволуцијата на разновидните трендови на криминал, како што е предвидено во криминолошката теорија. Ова е затоа што тоа влијание продолжува да биде двосмислено, имајќи предвид дека досега не е идентификуван значителен, хомоген ефект врз снимените инциденти на криминал низ земјите.

Извор: UN Office on Drugs and Crime

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Бугарофилската сага на Милошоски

РЕТРО: Милошоски спиеше на таванот на Каракачанов и го вееше бугарското знаме

 

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!