Јанушев кон Апасиев: Раката не можеме да ја исечеме, потребна е за чкртање статуси

Вмровци на позиции во партијата отворија војна со членови на ,,Левица”, партија која реално – им ,,откина” два пратеника во ИЕ 1 и ИЕ 3 и ги чинеше формирање Влада.
Војната почна уште на вчерашниот протест пред Влада на кој симпатизери на ,,Левица” го исвиркаа Христијан Мицкоски, а потоа анимозитетот продолжи по социјални мрежи.

Неофицијално, имало и некое кошкање меѓу членови на ,,Левица” и ,,дебелите вратови” на Мицкоски, кај Градски ѕид, но ништо од тоа не е пријавено.
Наводно, Апасиев, осоколен, му се силел на Мицкоски и неговите дека ќе му зел на следни избори уште три гласови, па и пратеника!?

ЧЕ ГЕВАРА НА БАТЕРИИ, ЈАНУШ ИМА ПЕТ СТАНА

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, напиша провокација на Твитер: ,,Че Гевара на батерии”, додека Игор Јанушев за надоврза со ,,сечење раце” [види фото].

Вмровците ги обвинија пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов за соработка со СДСМ, дека седеле во сала за кворум на владеачкото мнозинство при носење закони, за кои ВМРО-ДПМНЕ смета дека се штетни.
Таа реторика ја преземаа сите провмровски медиуми, а ,,Левица” демантираа.

Апасиев на ,,Твитер” не му остана должен на Јанушев, со циничен тон го обвини за луксуз – пет стана и ,,лексус” автомобил.
Апасиев од вмровци го бранеа негови пајташи од партијата, активни на социјалната мрежа [види фото].

 

КОЈА Е ИГРАТА, ШТО ИМА ЗАД КОНФЛИКТОТ, ЗОШТО ПУКА ТИКВАТА?

Зошто и како ,,кутлешите” почнаа војна со ,,Ленин од наше маало”?
По ред. Вмровци, пропагандно, со години, им градеа медиумски имиџ на ,,Левица” и Апасиев, а сега – откако ги ,,пораснаа”,, а овие им украдоа два пратеника, и тоа во ИЕ 1 и 3 – вмровци буквално збеснаа и не знаеја што да им прават!

Но, од вчера, вмровци, ја вклучија ,,машината” и со полна пареа, сите нивни медиуми, работат на уривање на оној кој го создадоа самите – токму Апасиев.
Тиквата, видливо за јавноста, пукна на вчерашниот протест – ,,газда” Мицкоски решен е да ги изолира од јавна сцена ,,ленкиве”. Не ја дава славата на некое нивно детиште викано Димче, по што беше исвиркан со ,,УА”.

А, не е дека не укажав на велешанецот Апасиев дека по него ќе тргнат оние, кои, го креираа. Со цел да го избришат целосно од политичката карта.
Вмровци се целосно свесни дека ,,Левица” им смета и брзаат да ја збришат од картата пред локални, за да не им земат советнички места и градоначалници.
,,Ленкиве” без ,,машината” на вмровци се никој и ништо.

▪Како почна сè? ▪
Груевистичката пропаганда долго време се посвети на издигање на ,,Левица” до небесни височини – како по социјални мрежи, така и по контактни емисии, по колумни, писанија, твитери…вмровци за пропаганда и подем на ,,ленкиве” ја користеа својата бот-мрежа од илјадници лажни профили контролирани од нивните – Ацо Лигња и Синиша.

Замислата на машинеријата на вмровци беше  да поддржи логистички и на секој потребен начин, партија за која смета дека ќе ,,откине” гласови на СДСМ. Тоа не се случи и лично пред 6 месеци ги предупредив јавно дека стратегијата им е целосно промашена и дека ,,Левица”, со својата радикална реторика, ужива углед кај радикалните и умерени вмровци, а не кај ,,шарените”. И дека скапо ќе го чини ВМРО-ДПМНЕ нивната глупост и незнаење. И тоа се случи.

Чија била замислата да се поддржи своевремено ,,Левица”, која во моментов краде и придобива уште вмровски гласачи? Кој е тој ,,талент” од ВМРО-ДПМНЕ?

[ЈИЈ]

▪ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА ИСТАТА ТЕМА – КАКО МИЦКОСКИ БЕШЕ ИСВИРКАН НА ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ▪

[ВИДЕО] Мицкоски и ,,Левица” се спукаа-не се договориле кој да ја украде славата!?

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!