Колумна на Катерина Блажевска: Они нису одавде

Објавено на ,,ПРИЗМА”, автор: Катерина Блажевска

,,Изненадена сум од оваа невидена скромност со бројката на амандмани. Само толку? Дајте повеќе, штанцајте, затрупајте го парламентот до кров. Знам дека го можете тоа. Знам дека имате сила и капацитет, целата зграда да ја облепите со амандмани како со тапети.

Ако немате доволно хартија, не губете време, печатете ги привремено на тоалетна, на маици, тетовирајте ги, ставете ги на што било, завиткајте сарма со нив, само нека ги има повеќе. Издавајте ги на рецепт.

Не се штедете ни себеси, ни нас, граѓаните. Нагазете „до даска“, возете си амандмански 300 км/час, и онака ние ви ги плаќаме горивото и патарините за секоја бесмислено помината километража, која не ве води никаде, освен рикверц кон раните фрустрации од вашите кутри животи.

И добро е што побаравте пратениците на онлајн-седница по 20 часот да мора да бидат во пижами. Бидејќи во моментов најмногу ни недостигаат луѓе во пижами. Се разбира, ако не ги сметаме оние по болниците, каде што им е страшно здодевно и не знаат што да прават, па меѓу две боци кислород чекаат да видат колкаво количество бесчувствителност можете да истурите на хартија А4 формат”.

▪Целата колумна прочитајте ја следниот линк на ПРИЗМА – ,,Они нису одавде”

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!