,,Јоци, те сакам”, блеска под светлата на Груевски и близу Турска Чаршија

На камените блокови на Кејот на Вардар, осветлен силно од зградите на Никола Груевски од проектот ,,Скопје 2014″, на неколку чекори од ориенталните мириси на Турска Чаршија, гордо блеска графитот – ,,Јоци те сакам”. Ми ја испрати мојот пријател Ниметула Салиага, додека бил во прошетка со својата ќерка. Забележал и едноставно – фотографирал. Неговото око гледа нешта кои други не ги гледаат.

Авторот на графитот е непознат, а секако не знаеме ни на кого се однесува. Но, тоа е најмалку важно.

Сепак, вредно е да се нотира дека станува збор за емотивна љубовна порака. Напишана од срце, колоритна и непресушна. Напишана веројатно пред некои 10 години, порака која не е полна со омраза, национализам или нешто кое би ги загрижило или исплашило чесните граѓани на нашата држава. Нешто на кое се навикнавме во нашето општество во изминатите две децении.

Во тој дух, да дадеме поддршка на нашите млади и најсилни, на чесните, на непоколебливите, на истрајните, полни со љубов. Оние кои сè уште имаат што да кажат и да порачаат, макар и на овој начин – со спреј. Ова не се дамки на фасади, напротив.
Овие бои се посилни од сè – од сите одвратни писанија на било која пропаганда и од сите политичари кои повикуваат на омраза и зло и така го делат народот.

Ниметула, ти благодарам на прекрасната фотографија. Ми ја разубави годината и деценијата. Да сте здрави и живи!

ФОТО: Ниметула Салиага, Скопје, 19.12.2020

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!