[ВИДЕО] Нападната е амбасадата на САД во Багдад – активиран е антиракетниот штит

Три ракети биле истрелани денеска кон американската амбасада во Багдад. Предизвикана е материјална штета, нема податоци за повредени. Оштетени се и возила на амбасадата.

Нападот се случи во очи годишнината од атентатот врз генералот Касим Сулејмани, командант на иранската револуционерна гарда. Тој беше убиен по наредба на Вашингтон на 3 јануари годинава.
Истрелите се сериозна закана и идни можни немири во пресрет на годишнината од ликвидацијата.

Американската амбасада одговори со активирање на одбранбениот противракетен систем Ц-РАМ, поставен ова лето за да ги одбие се почестите ракетни напади врз американската мисија во ирачката престолнина.

Поради страв од одмазда пред, САД го намалија бројот на службеници во амбасадата во Багдад.

Вашингтон во септември предупреди дека ќе ја затвори својата амбасада во Багдад доколку владата во Ирак не преземе решителни чекори за спречување ракетни и други напади од проирански формации врз американски таргети.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДЕНЕШНИ ВЕСТИ:

РЕТРО СКОПЈЕ: Имавме Луна парк со детска смеа, сега пустејлија

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″][facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!