Во изминатите пет дена, тројца македонски државјани посегнаа по својот живот. Двајца извршија самоубиство – наша дипломатка во ОН и постар човек во Лисиче. Третото лице, повозрасна жена, беше спасена од полицијата од водите на Вардар.
Рори О’Конор, професор по здравствена психологија на универзитетот во Глазгов – објаснува неколку факти за суицидалните лица, а и како да им се помогне.
МИТ: Луѓето кои зборуваат за самоубиство не се сериозни и нема да се решат на таков чекор.
ФАКТИТЕ зборуваат друго: Луѓето кои се убиваат, честопати некому кажале дека животот не е вреден и дека немаат иднина. Некои од нив рекле како сакаат да умрат. Секако, постои опција некој да зборува за самоубиство како начин на привлекување на внимание, но важно е секогаш да сфаќате некого сериозно ако зборува за самоубиство. Само така може да им помогнете да ја добијат потребната поддршка која може да им го спаси животот.
Повеќето луѓе кои се чувствуваат самоубиствено, всушност – не сакаат да умрат.
МИТ: Ако некое лице сериозно сака да се самоубие, тогаш ништо не може да направите.
Факт: Честопати, чувството на активно самоубиство е привремено – дури и ако некој се чувствува слабо, вознемирен е или се бори да се справи подолг временски период со тоа.
Тоа е причината зошто е клучно да се добие вистинскиот вид на поддршка во вистинско време.
МИТ: Треба да бидете ментално болни за да размислувате за самоубиство!?
ФАКТ: Едно од пет лица размислувале за самоубиство во одреден период од животот. И не сите луѓе кои посегнуваат по својот живот имаат проблеми со менталното здравје во времето кога умираат.
Сепак, многу луѓе кои се убиваат – страдаат од своето ментално здравје, обично до сериозен степен.
Понекогаш тоа се знае пред смртта на лицето, а понекогаш не.
МИТ: Луѓето кои се самоубиствени сакаат да умрат.
ФАКТ: Мнозинството луѓе кои се чувствуваат самоубиствено всушност не сакаат да умрат, едноставно тие не сакаат да го живеат животот што го имаат.
Разликата може да изгледа мала, но е многу важна. Затоа е толку важно да ги препознаете овие знаци кај суицидалните луѓе.
МИТ: Да се зборува за самоубиство е лоша идеја, бидејќи може некому да му даде идеја да ја испроба.
ФАКТ: Самоубиството може да биде табу тема. Честопати, луѓето кои се чувствуваат самоубиствени не сакаат да оптоваруваат никого со тоа како се чувствуваат и затоа не разговараат за тоа.
Но, сепак прашувајќи некого за самоубиство, всушност му давате дозвола да ви каже како се чувствува.
Луѓето кои се чувствувале самоубиствено, честопати кажале какво огромно олеснување било да зборуваат за она што го доживувале. Откако некој ќе почне да зборува, тие имаат поголема шанса да откријат опции за живот. Доказите покажале дека прашањата кон некого дали е самоубиствен, може имено – да го заштити.
Суицидалните така се надеваат дека се помалку заробени. Нивните чувства се потврдени и тие знаат дека некој се грижи за нив.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛИПО ДИЕТА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: http://ih.mk/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
МИТ: Повеќето самоубиства се случуваат во зимските месеци.
ФАКТ: Самоубиството е комплексно и не може да се поврзе со климата. Општо земено, самоубиството е почесто напролет и има забележителен врв на ризик за Нова Година.
МИТ: Луѓето кои велат дека ќе си го одземат животот, бараат само внимание и не треба да се сфаќаат сериозно.
ФАКТ: Луѓето кои велат дека сакаат да стават крај на животот секогаш треба да бидат сфатени сериозно. Можеби тие сакаат внимание, но во смисла на повик за помош, потребен за спас на животот.
КОИ ЛУЃЕ СЕ ВО РИЗИК ЗА САМОУБИСТВО?
Следните проблеми со менталното здравје можат да зголемат нечиј ризик да имаат самоубиствени мисли:
▪депресија
▪психоза
▪нарушување на употребата на супстанции ▪биполарно нарушување/посттрауматско стресно нарушување
Но, исто така и други фактори можат да придонесат за самоубиство, вклучително: ▪распад или губење на близок партнер, загуба на дете или близок пријател ▪финансиски тешкотии
▪постојани чувства на неуспех или срам ▪сериозна здравствена состојба или крајно заболување
▪правни проблеми, на пример: осуден за кривично дело
▪неповолни искуства од детството, како траума, злоупотреба, малтретирање, дискриминација, расизам или сексуална ориентација што не е поддржано од семејството или пријателите
🛑 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:
https://joci.mk/2020/12/30/%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B2%D1%98%D1%83-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B8%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%BD%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BE/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]