КОВИД-19 не го напаѓа единствено респираторниот систем, напротив и мозокот и нервниот систем, заклучија многу научници во светот. Оттука и губењето на мирис и вкус. Вирусот, кај оние кои го преживеале, може да има сериозни ефекти во многу регии од телото. Во иднина, околу пост-ковид искуствата ќе мора да се вклучи и психијатриската област.
Симптоми кај преживеаните се темпирана бомба по менталното здравје – депресија и несоница
Според англиската докторка, д-р Миријам Стопард, освен сите погоренаведени нешта, тука е т.н цитокинска бура која предизвикува сериозно воспаление и која ја нарушува функцијата на мозокот преку микрокрварења и микро-тромбови во мозокот. Таа смета дека сè уште се знае многу малку околу несаканите ефекти на Ковид по менталното здравје.
Многу лекари и научници забележуваат трендови на симптоми кај луѓе кои биле заразени, а го преживеале вирусот. А, кои, според нив, може да бидат темпирана бомба.
Истражувачи од британскиот универзитет Оксфорд, открија значително поголем ризик од деменција, состојба на оштетување на мозокот.
„Луѓето беа загрижени дека преживеаните од КОВИД-19 ќе бидат изложени на поголем ризик и проблеми со менталното здравје. Нашите откритија покажаа дека ова е веројатно“, рече Пол Харисон, професор по психијатрија на Оксфорд.
Многу преживеани од КОВИД-19 најверојатно се изложени на поголем ризик од развој на ментална болест, е став на психијатрите, откако во голема студија открија дека на 20% од заразените со коронавирус им е дијагностицирано психијатриско нарушување во рок од 90 дена. И тоа: анксиозност, депресија и несоница. Сите овие нешта биле забележани меѓу закрепнатите КОВИД-19 пациенти во студијата која ги истражувала проблемите со менталното здравје. Студијата е објавена во списанието „Лансет психијатрија“.
Според доктор Харисон, лекарите и научниците ширум светот итно треба да ги испитаат причините и да идентификуваат нови третмани за ментални болести по КОВИД-19.
„Здравствените капацитети треба да бидат подготвени да обезбедат соодветна грижа, особено затоа што нашите резултати веројатно ќе бидат потценети (за бројот на психијатриски пациенти)“, додал тој.
Студијата, објавена во списанието „Лансет психијатрија“, анализирала електронска здравствена евиденција на 69 милиони луѓе во САД, вклучувајќи над 62.000 случаи на КОВИД-19. Наодите најверојатно ќе бидат исти со заболените од КОВИД-19 ширум светот, велат истражувачите. За три месеци по позитивното тестирање за КОВИД-19, кај еден од пет преживеани, за првпат биле евидентирани и дијагностицирани – анксиозност, депресија или несоница. Студијата исто така открила дека луѓето со претходно постоечко ментално заболување имале 65% поголема веројатност да бидат дијагностицирани со КОВИД-19 отколку оние без нив.
Канадски научници велат дека вирусот предизвикува невролошки нарушувања
Научници од Торонто, Канада, според резултатите од студијата на 19 починати пациенти со КОВИД-19 во САД, сугерираат дека оние кои се заразуваат со САРС-КоВ-2 инфекција може да бидат подложни на оштетување на мозокот. Научниците од Националниот институт за невролошки нарушувања и мозочен удар (НИНДС) спроведоа длабинско испитување на примероци од мозочно ткиво кај 19 пациенти со коронавируси кои починале во периодот од март до јули 2020 година.
-Откривме дека мозокот на пациентите кои добиваат инфекција од САРС-КоВ-2 може да биде подложен на оштетување на микроваскуларните крвни садови. Нашите резултати сугерираат дека ова може да биде предизвикано од воспалителен одговор на организмот на вирусот “, рекол д-р Авиндра Нат, клинички директор на NINDS.
Научниците се надеваат дека овие резултати ќе им помогнат на лекарите да го разберат целиот спектар на проблеми од кои можат да страдаат пациентите, за да можат да излезат со подобри третмани.
И покрај штетата што беше пронајдена во примероците на мозочното ткиво, истражувачите не пронајдоа знаци на САРС-CoV-2 во тие ткива, што сугерира дека штетата не е предизвикана од директен вирусен напад врз мозокот.
„Бевме целосно изненадени. Првично, очекувавме да видиме штета што е предизвикана од недостаток на кислород. Наместо тоа, видовме повеќефокални области на оштетување кои обично се поврзани со мозочни удари и невроинфламаторни заболувања “, информирал д-р Нат.
🛑 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:
https://joci.mk/2021/01/02/%D0%B4%D0%B2%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D1%81/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]