Трамп заминува во историјата како срам – Претставничкиот дом го изгласа ,,импичментот”

Доналд Трамп е првиот претседател на САД кој двапати бил отповикан во Претставничкиот дом. За негово повлекување од функцијата, вечерва, гласаа 232 пратеници, од кои 222 демократи и дури 10 републиканци. Имаше 197 пратеници против отповикувањето, вклучително и републиканци. Петтмина не гласаа.

Претставничкиот дом на САД ја донесе оваа одлука, обвинувајќи го претседателот Трамп дека поттикнува бунт. И тоа, една недела откако неговите приврзаници насилно упаднаа во Конгресот, што беше оценето како напад врз американската демократија.

Претставничкиот дом гласаше едногласно со обвинение – „поттикнување бунт“. Сето тоа доведено во прашање околу говорот на Трамп со кој инспирираше илјадници негови приврзаници –  пред тие насилно да упаднат во зградата на Капитол, прекинувајќи ја седницата на 6 јануари на која требаше формално да се потврди победата на Џо Бајден на изборите на 3 ноември.

Пет лица го загубија животот во конфликтите во Капитол Хил. За време на својот говор, Трамп ги повтори своите, непоткрепени  тврдења за местење на изборите и ги повика своите приврзаници да маршираат кон Капитол. Трамп со тоа стана првиот претседател на САД кој беше отповикан двапати во Претставничкиот дом. Сепак, има малку шанси повлекувањето да биде потврдено и во Сенатот, каде републиканците сè уште имаат мнозинство, иако го загубија по неодамнешните избори во Џорџија.

Американската конгресменка Ненси Пелоси ги повика пратениците за време на дебатата кажа дека Трамп мора да одговара за поттикнување на насилниот напад врз зградата на Конгресот минатата недела.

,,Ние знаеме дека претседателот на Соединетите држави го поттикна тоа востание, тој вооружен бунт против нашата земја. Тој мора да замине. Тој е очигледна и реална закана за нацијата што сите ја сакаме”, рече Пелоси. Таа додаде дека Трамп води „војна против демократијата“ и дека ги поттикнува бунтовниците и внатрешните терористи во зградата на Конгресот.

За осуда во Сенатот потребни се две третини од пратениците. Откако Трамп е отповикан од Претставничкиот дом, за осуда во Сенатот, каде доминираат републиканците, се потребни две третини од сенаторите, што значи дека најмалку 17 републиканци во 100-члениот дом треба да го прогласат Трамп за виновен.

Досега ниту еден претседател на САД не е протеран од Белата куќа со ваков вид на повлекување. Тројца – Трамп во 2019 година, Бил Клинтон во 1998 година и Ендру Џексон во 1868 година – беа повлечени во Претставничкиот дом, но беа ослободени од обвиненијата во Сенатот.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!